10 знаци кои укажуваат дека во телото имате премногу токсини

Еден од јасните знаци дека имате многу наталожени токсини во телото се масните наслаги околу стомакот, тоа е највообичаен знак дека имате пореметување во рН рамнотежата во телото и дека е потребно да го алкализирате телото.

Можеби ќе ве интересира: Зелените сокови го алкализираат организмот и го забрзуваат празнењето на цревата.

  1. Акни и лош тен

Исхрана во која преовладуваат намирници како салами, готови оброци, чипсови, слатки и колачи со многу шеќери и штетни масти можат да предизвикаат воспалителни процеси во телото кои во многу случаи се манифестираат и на кожата. Кожата е огледало на тоа што јадеме и што пиеме. Ако консумирате претежно храна која изобилува со хранливи состојки и витамини и ако пиете многу вода ќе имате убава, негувана и еластична кожа.

Исто така внимавајте и на хигиената, перницата на која што спиете мора да биде чиста.

  1. Хроничен замор

Хроничен замор и недостаток на концентрација се сигурен знак дека вашиот организам е преоптоварен со токсини. Ако наутро тешко се будите или во текот на денот многу често сте поспани, тоа е типичен знак дека во телото ви преовладува кисела средина и ви е потребна детоксикација.

Можеби ќе ве интересира: Напитоци за пролетна детоксикација и прочистување на телото.

  1. Чести главоболки

Доколку за време на викендите “заглавите” навечер и испиете малку повеќе алкохол, следното утро сигурно ќе се разбудите со главоболка. Тоа е типичен знак дека во телото имате токсини.

Доколку имате чести главоболки и покрај тоа што не пиете често алкохол, тогаш морате да внесете одредени промени во исхраната затоа што и токсините од храната предизвикуваат главоболки. Исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, квалитетни протеини и многу малку шеќери ќе ве направи пофокусирани и помотивирани.

Доколку се храните со “чиста” храна, во голем степен ќе ги намалите главоболките.

Можеби ќе ве интересира: Како да го направите здравиот начин на исхрана и вежбањето животен стил (20 основни правила)

  1. Хронична болка

Хроничната болка која трае долго обично се јавува како симптом на одредени воспалителни процеси во телото кои се последица од натрупување на токсини. Тоа може да биде болка во вратот, грбот, зглобовите, коските и сл.

Тоа е така наречена “тивка болка” која има за цел да не потсети дека нешто во телото не функционира така како што треба.

  1. Проблеми со спиењето

Ако ви е потребно долго време за да заспиете или пак се будите во текот на ноќта и не успевате повторно лесно и брзо да заспиете тогаш причината можеби лежи во натрупаните токсини и негативна енергија во телото.

За да го подобрите сонот покрај промените во исхраната, започнете и со физичка активност. Вежбањето ќе ве ослободи од негативната енергија и ќе ви го подобри менталното здравје, а со тоа и сонот.

Можеби ќе ве интересира: Начини како да го подобрите вашиот сон.

  1. Лош здив и мирис на телото

Многу често се случува доколку во телото се натрупани многу токсини тоа да се одрази како лош мирис на целото тело, на потта, но најмногу на здивот. Лошиот здив е резултат на бактерии и токсини кои се натрупани на јазикот. Најчеста причина е брзата храна и храна која содржи многу шеќери.

  1. Алергии и осип

Кога консумирате нешто што вашето тело не го препознава, во телото се создаваат воспалителни процеси кои можат да предизвикаат црвенило и осип на кожата. Доколку многу често ви се јавуваат вакви алергии и осипи од повеќе типови на храна, тогаш задолжително треба да посетите доктор и да направите алерготест за да знаете која точно храна ви ја предизвикува алергијата.

  1. Недостаток на енергија и депресија

Ако го третирате своето тело како канта за ѓубре немојте да очекувате дека телото ќе биде “фино” со вас. Недостаток на енергија, умор, главоболка и слаба концентрација ќе направат да се чувствувате лошо и можат да предизвикаат депресија.

Со промена на прехрамбените навики и започнување со физичка активност ќе создадете позитивна енергија во телото која ќе ви даде мотив и желба за живот.

Можеби ќе ве интересира: Како физичката активност влијае на менталното здравје?

  1. Хормонска нерамнотежа и слабо либидо

Доколку имате проблеми со хормоните и имате нередовен циклус, тогаш многу е веројатно дека причината за тоа лежи во начинот на живот кој го живеете. Наталожените токсини и лошата исхрана можат да бидат причина за проблеми со хормоните, но и за намалено либидо и желба за секс.

  1. Наталожени маснотии околу струкот

Доколку имате наталожени масти околу струкот и имате многу голем проблем истите да ги намалите, тогаш барајте ја причината во начинот на живот кој живеете. Мастите околу стомакот најчесто се резултат на хормонска нерамнотежа, а како што спомнавме погоре хормонската нерамнотежа е врзана со начинот на исхрана. Наталожените токсини во телото предизвикуваат цела низа пореметувања кои можат да влијаат на целокупното функционирање на телото.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *