13 начини да изгледате послабо за еден ден

Споделете со пријателите

Сигурно ви се случило да имате битен настан наредниот ден и да сакате да изгледате малку послабо. Диетите кои гарантираат губење на 2-3 kg за еден ден се најчесто нереални. Одредена храна и навики не прават да изгледаме надуено, така што со советите кои ви ги нудиме ќе ви помогнеме како да ја намалите надуеноста во стомакот, а со тоа ќе се чувсвувате послабо и посамоуверено.

1) Наутро напијте се чаша вода со лимон

Чаша топла вода со сок од лимон после будење ќе го разбуди и прочисти вашиот дигестивен систем. Можете да пиете и зелен чај со лимон ако вкусот на топлата вода не ви е пријатен.

lemon-water

2) Избегнете ги млечните производи

Голем дел од нас чувствуваат надуеност во стомакот после конзумирање млечни производи. Утринското кафе испијте го без млеко.

Mens-Coffee-Bunch

3) Детокс со утринска јога

Вежбите со странична ротација се основен дел од јогата. Тие ги раздвижуваат абдоминалните мускули и ја помагаат работата дигестивниот систем. Тоа помага во отстранување на токсините од телото. Започнете го денот со 10 минути јога или пилатес.

revolved-side-angle-pose-with-rotation-to-right-leg

4) Ананас и папаја, изедете тропска ужина

Ананасот и папајата содржат ензими – бромелаин и папаин. Тие помагаат во отстранување на надуеноста со тоа што ги разградуваат протеините и ја забрзуваат нивната дигестија. Направете смути од овие овошки или овошна салата.

Pineapple-papaya-enzyme-mask

5) Јадете поспоро, не брзајте

Јадењето премногу брзо може да предизвика навлегување на воздух во вашиот дигестивен систем. Јадете поспоро и храната џвакајте ја подолго.

artikel-3-menu-sarapan-yang-tak-bikin-gemuk

6) Пијте повеќе вода

Водата помага во отстранување на токсините од телото. Исто така водата ќе ви помогне да ја исфрлите вишок сол од вашето тело, која може да биде причината за надуеност. Носете шише со вода секаде со вас, така ќе пиете почесто.

young teenager drinking water after exercise.

7) Јадете киноа

Киноата е  супрхрана која е богата со најразлични нутритиенти. Во киноата се наоѓаат диететските влакна и калиум кои ќе ви помогнат да ја намалете надуеноста и да изгледате послабо.

kinoa

8) Ужина со многу диететски влакна

Диететските влакна ја имаат главната улога кога станува збор за намалување на тегобите и празнење на цревата. Трудете се да внесувате 25 до 30 грама влакна на ден. Јадете повеќе: свежи салати и свежо овошје, јаткасти плодови, авокадо, разни видови бобинки, чиа семе, ленено семе и сл.

Tasty breakfast from biscuits, cereals and fruit

9) Доколку излегувате прескокнете го алкохолот

Ако наредниот ден имате причина да изгледате послабо, воздржете се од алкохолот. Тој ќе ја успори работата на дигестивниот систем. Дополнително шеќерот во вашиот коктел ќе ве наполни со многу калории. Освен тоа, на крајот од вечерта алкохолот ќе ви го зголеми апетитот и многу лесно ќе ве натера да изедете уште еден непотребен оброк пред легнување. Затоа избегнете го алкохолот и пијте минерална вода со лимон.

bigstock-Different-Images-Of-Alcohol-Se-40437172

10) Бело месо со зелена салата за вечера

За вечера изберете бело месо како чист извор на протеини, пилешко или риба. Како додаток направете си зелена салата од спанаќ, марула, зелка, брокула и сл.

12998741_582620975235119_8037287700053601200_n

11) Прескокнете го десертот

Храната богата со шеќер, често е полна со многу калории. Наместо десерт изберете едно парче овошје како портокал или јаболко. Овошјето е богато со влакна и со вода.

sugar-cubes-Skull-Cross-bones

12) Испијте детоксицирачки чај пред да одите во кревет

Зачините како цимет и ѓумбир помагаат во прочистување на вашиот организам. Комбинирајте ги овие зачини заедно со чај кој го смирува стомакот. Напијте се чај од јаболко со цимет, чај од нане со лимон или чај од жалфија со ѓумбир.

GingerThermosTea

13) Легнете си на време

Легнете си доволно рано за да си овозможите 7-9 часа сон. Ова ќе ви овозможи добар и брз метаболизам. (совети како да го забрзате метаболизмот, кликнете овде) 

sleep

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *