15 причини зошто треба да вежбате наутро

Сите сме свесни дека вежбањето е неопходно за да го одржиме и менталното, но и физичкото здравје.

Но, дали знаете дека утринскиот тренинг има многу повеќе придобивки отколку попладневниот?

И да, сигурно помислувате, па што вежбање е вежбање, дали е 09.00 часот наутро или 19.00 часот навечер исто е и 400 калории се сепак 400 калории, но во пракса не е така!? Утринскиот тренинг има многу повеќе ефекти врз телото и многу поефикасно го забрзува метаболизмот и помага во најлесно и најбрзо согорување на мастите, особено ако го правиме на гладно срце.

За да ве мотивираме да се навлечете на утринско вежбање издвојуваме 15 најзначајни придобивки од утринскиот тренинг:

  1. Ќе се чувствувате мотивирано во текот на целиот ден.
  2. Одличен начин да го разбудите телото, после добар утрински тренинг ќе ви биде потребно многу помалку кафе за да го зграпчите денот.
  3. Ќе внесете помалку калории во текот на денот.
  4. Најефикасно ќе го забрзате метаболизмот и ќе трошите многу повеќе калории во текот на целиот ден.
  5. Ќе имате многу добра контрола врз апетитот.
  6. Ќе бидете поактивни во текот на целиот ден.
  7. Ќе ви помогне во намалување или целосно елиминирање на стресот.
  8. Ќе ви помогне да го намалите или да го нормализирате крвниот притисок.
  9. Ќе согорите многу повеќе калории.
  10. Многу поефикасно ќе ги обликувате мускулите.
  11. Многу полесно и поефикасно ќе ги согорите вишокот масти во телото, доколку вежбате на гладно.
  12. Ќе имате подобар сон навечер.
  13. Ќе го намалите ризикот од појава на дијабетес.
  14. Ќе бидете многу попродуктивни и на работното место, но и во домот.
  15. Поверојатно е дека вежбањето ќе ви стане навика.

Доколку сакате да започнете со утрински тренинзи ние сме тука да ви помогнеме. Лоцирани сме на две локации во Скопје и тоа во Козле и во Кисела Вода.

Со утринските термини започнуваме од 1-ви септември.

Термини во Козле: вторник, четврток и недела – 10.00 до 11.00 часот

Термини во Кисела Вода: понеделник, среда и сабота – 09.00 до 10.00 часот

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.

Повеќе за FitLife Fitness Stuidio прочитајте на линковите подолу:

FitLife Studio 1 – Кисела Вода 

FitLife Studio 2 – Козле 

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *