20 минутен високоефективен кардио тренинг

Дали понекогаш сте се запрашале што е подобро и поефикасно, да вежбате подолго и полесно или пократко, но поинтензиво? Најновите истражувања покажуваат дека вежбање еден час не е поефикасно од вежбање половина час, особено ако целта ви е да изгубите килограми.

Кратките тренинзи го чуваат срцето затоа што кардиоваскуларниот систем пократко време е под напор. Од друга стана кога знаете дека кратко ќе вежбате многу е поверојатно дека нема да се откажете толку лесно, затоа што немањето време вообичаено е најчестиот изговор за физичката неактивност.

Но, што мислите за 20 минутен високоефективен тренинг во домашни услови. Секој би можел да најде 20 минути во денот и да си ги посвети себеси. За овој високоефективен тренинг потребна ви е простирка за вежбање, пешкирче, вода и тегчиња (опционално).

Ослободете се од стресот и оставете ги проблемите зад себе, физичката активност ќе ве направи посреќни, позадоволни и полни со енергија.

Останете мотивирани!!! Ви поскауваме среќа!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *