20 кратки и убедливи причини зошто треба да започнете да вежбате

Сите сме свесни за придобивките од физичката активност и знаеме дека вежбањето може да направи само убави нешта за нашето ментално и физичко здравје.

Бројот на луѓе кои се редовно физички активни е се поголем и луѓето стануваат свесни дека физичката активност во голем степен го подобрува квалитетот на живот.

Доколку се уште се двоумите и никако не успевате вежбањето да го направите секојдневие, ви издвојуваме 20 кратки и убедливи причини зошто да започнете уште денес 🙂

  1. Ќе бидете посреќни.
  2. Ќе бидете поатрактивни за спротивниот пол 🙂
  3. Ќе бидете помотивирани и поуспешни на работното место.
  4. Нема да имате пад на енергијата во текот на денот.
  5. Поради вежбањето полесно ќе се придржувате кон здравата исхрана.
  6. Вежбањето 3 или 4 пати во неделата ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот.
  7. Вежбањето ќе ви помогне доколку сакате да намалите килограми.
  8. Редовната физичка активност го намалува целулитот.
  9. Вежбањето го забавува процесот на стареење.
  10. Едвај ќе чекате да дојде лето и да го облечете омилениот костим за капење 🙂
  11. Нема да имате напади за храна во текот на денот, затоа што вежбањето помага за контрола на шеќерот во крвта.
  12. Вежбањето ќе ви помогне да го намалите холестеролот и тригицеридите во крвта.
  13. Ќе ви помогне и да го намалите крвниот притисок и да ги регулирате тахикардиите.
  14. Ќе ви го зајакне имунитетот.
  15. Ќе ви го подобри сексуалниот живот.
  16. Ќе ве направи поорганизирана личност.
  17. Ќе ви го подобри сонот.
  18. Вежбањето ќе ви ги намали болките во грбот.
  19. Вежбањето го чува менталното здравје.
  20. Редовната физичка активност го продолжува животот.

Доколку сето тоа ви звучи примамливо и сакате на своја кожа да ги почувствувате придобивките од вежбањето тогаш започнете со тренинзи што поскоро.

Ограничување во возраста нема, секој може да вежба!

Нашето студио за Пилатес и Аеробик – FitLife Fitness Studio во моментот врши уписи и ги оформува групите за новата сезона 2018/19.

Лоцирани сме на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1, Кисела Вода (Стара Рампа, веднаш до Апекс казино).

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982.

Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото од минатата сезона во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот – FitLife Fitness Studio – локација Кисела Вода.

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 

Ве очекуваме!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *