20 намирници со помалку од 100 калории

Доколку често чувствувате глад додека сте на работа, не трчајте веднаш до првата пекара. Носете со себе во ташна секогаш “прва помош” на здрави намирници.

Подготвивме листа на 20 намирници кои содржат 100 или помалку од 100 калории:

Овошје:

  • јаболко големина – околу 80 калории
  • банана– околу 90 калории
  • портокал – околу 65 калории
  • круша – околу 100 калории
  • мандарина – околу 46 калории
  • киви – околу 45 калории
  • мала порција бобинки – од 50 до 90 калории

Зеленчук:

  • домат – околу 25 калории
  • парче целер – околу 10 калории
  • црвена пиперка – околу 15 калории
  • 1 морков – околу 30 калории
  • порција печурки – околу 20 калории
  • порција броколи – околу 25 калории

Други производи:

  • 250 ml бадемово млеко – околу 70 калории (рецепт како сами да си направите, пронајдете на линкот)
  • 150 ml соино млеко – околу 80 калории
  • тврдо варено јајце – околу 70 калории
  • 1 лажица путер од кикиритки – околу 100 калории
  • 60 g туна во саламура – околу 70 калории
  • 60 g подготвени ракчиња – околу 80 калории
  • 100 g домашно подготвена овесна каша (без многу додатоци) – околу 80 калории.

Вредностите на калориите се приближни затоа што точна вредност зависи од големината на самата порција и од начинот на подготовка.

Можеби ќе ве интересира:

5 идеи за здрав појадок во тегличка

Здрави и хранливи евтини намирници

10 неопходни намирници во секоја здрава кујна

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *