24 часовен предизвик за подобро здравје, почиста кожа и појак имунитет

Споделете со пријателите

Овој предизвик е брз и ефикасен начин за подобрување на здравјето и зајакнување на имунитетот. Предизвикот е едноставен и доколку сте личност со цврст и одлучен карактер сигурно би го приифатиле. Придобивките од овој предизвик се огромни. Прочитајте повеќе во продолжение.

Дали знаете дека единствено преку апстиненција од храна (над 16 часа) дигестивниот систем го добива добро заслужениот одмор? Од друга страна за време на овој период телото добива вишок енергија која се искористува за регенерација на внатрешните органи. Ова е една од причините поради кои апетитот ни се намалува кога сме болни. Во такви моменти енергијата се пренасочува од дигестивниот систем кон имуниот систем за борба против болеста.

Овој предизвик ќе придонесе кон подобрување на ефикасноста на дигестивниот систем. Ќе ви помогне за зголемување на способноста за екстрахирање на хранливите материи од храната како како и отстранување на токсичните материи од организмот. Дополнително ќе забележите подобрување во менталната и интелектуална способност. Ќе бидете фокусирани преку целиот ден.

Подготовка за предизвикот

За овој предизвик изберете ден од викендот кога стресот ќе ви е на најниско ниво и распоредот слободен. Избегнувајте тешка работа или долги патувања на овој ден. Сепак не мора цел ден да сте дома, се препорачуваат прошетки во природа или лесни јога или пилатес вежби. Избегнувајте одење во теретана, трчање на долги патеки и други интензивни тренинзи кои ќе ви го зголемат апетитот.
Како и да е, човечкото тело може да помине неколку недели без јадење затоа не грижете се, овој предизвик воопшто нема да е тежок за вашето тело.
Доколку сте болни, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да се одлучите за овој предизвик.

Правила за предизвикот

Во текот на овие 24 часа дозволена е конзумација само на вода. Никаква цврста храна ниту пак други течности не се дозволени. Се препорачува да пиете негазирана вода. Доколку сакате може и да ја сварите водата, но не додавајте ништо во неа. Не чудете се доколку вашето тело бара повеќе вода од нормално. Таа е неопходна за успешно да се исфрлат токсините од телото.

Најдоброто време за започнување на предизвикот е рано наутро. Откако ќе станете од кревет испијте околу 2 чаши вода. Тие ќе ви помогнат да се освежите. Во текот на денот пијте вода колку сакате и кога сакате. Не постојат никакви ограничувања во однос на водата, се додека ја пиете само неа без никакви додатоци.

water

Што се случува со телото доколку не јадете 24 часа?

За време на предизвикот ќе забележите неколку реакции од вашето тело кои се сосема нормални. Најпрвин секако ќе се појави чувството на глад. Ова е нормално бидејќи вашето тело очекува храна 3-4 пати во текот на денот. Напијте се неколку чаши вода и не паѓајте во искушение. Можно е да забележите слабост во организмот или вртоглавица но, се ова ќе помине за 5 минути. За да се справите со гладта отидете на мала прошетка или внесете се во некоја активност за која е потребно целото ваше внимание.

Можно е намалување на крвниот притисок во овој период, но не очајувајте. Одморете неколку минути додека да се навикне телото. После 30 минути до 1 час, чувството на глад ќе помине, а вие ќе започнете да ги чувствувате придобивките од предизвикот.

Како да го прекинете предизвикот наредното утро?

Следното утро кога предизвикот завршува, никако немојте веднаш да го шокирате телото со многу храна.  Наши препораки се:

1. Сок од лимон или портокал со една лажица мед
2. Овошна вода
3. Смути со свежо овошје или зеленчук (идеи за рецепти)

Еден до два часа час после ова изедете го првиот оброк.

Придобивки од предизвикот

Подобрување на дигестивниот систем

Ова е најбрз начин за подобрување и заздравување на дигестивниот систем. Како што на мускулите им е потребен одмор после напорен тренинг истото важи и за внатрешните органи.

Намалување на ризикот од дијабетес тип-2

Дијабетесот е најраспространетата болест во 21-виот век. Главната причина за оваа болест е покачен шеќер во крвта како резултат на намалена осетливост на клетките на хормонот инсулин. Најчесто поради исхрана полна со процесирани шеќери, доаѓа до зголемено лачење на инсулин, што на долгорочен план предизвикува намалување на осетливоста на клетките за истиот. За време на овој предизвик нивото на инсулин во крвта се намалува за 20-30 % и со ова повторно се враќа во нормала осетливоста на клетките кон инсулинот.

Повеќе енергија

Голем дел од енергија на телото се троши од страна на дигестивниот систем. Додека тој одмора, остатокот од телото добива повеќе енергија и поради тоа ќе се чувствувате полни со елан.

Елиминација на ментални блокади и зголемен фокус

Откако ќе го поминете иницијалниот нагон за глад, вашиот мозок веќе нема да мисли на јадење, а вие ќе останете фокусирани цел ден. Ова е одличен период за интелектуална или ментално интензивна работа како спремање испити, пишување трудови и слично.

Елиминација на токсини од телото

Ова ќе придонесе кон спречување на инфективни заболувања во иднина.

Поубава и поздрава кожа

За време на овој период телото бара да ги искористи или исфрли сите непотребни клетки (мртви клетки, масни клетки итн.). Овде спаѓаат и мртвите клетки на кожата. После нивното отстранување вашата кожа ќе го добие новиот сјај.

Го успорува стареењето

Во 1982 година била направена студија на универзитетот во Балтимор, САД каде биле испитувани две групи на глувчиња. Од раѓањето па се до смртта пола од нив биле хранети секој ден, а другата половина секој втор ден. На крајот од студијата глувчињата кои јаделе секој втор ден достигнале животен век поголем за 80% од нормалната група. (студија)

Намалување на килограмите

Доколку пиете само вода, складираните масни клетки во вашето тело се единствениот извор на енергија. Затоа ова е најефикасен начин за слабеење.

Слободно време

Во текот на денот јадете барем 3 оброци кои вкупно одземаат сигурно 2 часа. Нивното припремање и чистењето потоа одземаат уште 1 до 2 часа, зависно од видот на оброк. За време на овој предизвик сето тоа време ќе ви биде на располагање за други активности.

Овој предизвик се практикува илјадници години од страна на повеќе азиски религии поради здравствените но и духовните придобивки. Тие веруваат дека испразнетото тело го испразнува и умот. Се намалуваат секојдневните мисли, се намалува стресот и се зголемува среќата.

Одлучете се за овој предизвик и нема да бидете разочарани. После само 24 часа вие ќе се чувствувате како нов човек. Вашето тело ќе биде витко и полно со енергија, а вашиот ум фокусиран и опуштен.

Доколку ги почувствувате придобивките од предизвикот можеби ќе сакате да го направите дел од вашиот секојдневен живот. Во таков случај се препорачува да го практикувате 1-2 пати неделно, но најдобро е помеѓу деновите да има минимум 3 дена пазуа. Пример понеделник и чеврток, или вторник и петок.

Ви посакуваме среќа !!!

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *