3 дневен детокс план за прочистување, слабеење и зајакнување на имунитетот  

Досега имавме неколку предизвици и начини да се обидеме да ве мотивираме подобро да се храните и да се свртите кон сопственото здравје. Целта и сега е ни е слична, да ве мотивираме 3 дена да се храните здраво и да го прочистите и одморите телото од токсините и штетната храна која постојано ја внесуваме .

Овој детокс план ќе ви го прочисти телото, ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот, но ќе ви помогне и во намалување на килограмите.

Што смеете да јадете, а што не во овие 3 дена?

Акцентот го ставаме на свежата и непроцесирана храна, иако дозволено е да си направите вариво или супа од зеленчук. Овие 3 дена заборавете на чоколадо, благо и слатки. Желбата за грицкање задоволете ја со 5-6 бадеми или лешници.  Овие трие дена забрането е и месото и млечните производи. Исто така во текот на денот наместо вода ви даваме предлог за подготовка на напиток за детоксикација од лимон од ѓумбир.

Што ви е потребно и како да го подготвите овој напиток?

Потребно ви е:

  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • сок од два лимони
  • 1 лажица цимет
  • 2 L вода

Измешајте ги сокот од лимон, ѓумбирот и циметот, па на крај додадете ја водата и оставете да стои преку ноќ. Наредниот ден процедете и цел ден наместо вода пијте од овој напиток.

За полесно прифаќање на овој предизвик подготвивме мени со оброци за сите три дена. Секој ден започнете го со напитокот за детоксикација и испијте 1-2 чаши. Појадокот нека биде 1-2 часа после будењето.

Кафе ви е дозволено, но само едно во денот и тоа без млеко и без додатоци.

Прв ден:

Појадок:

  • 1 банана, 1 лажица семки од тиква, 1 лажица чија семе, 1 лажица ленено семе. Бананата насечкајте ја на тркалца и измешајте ја заедно со семињата.

Ручек:

  • 3 варени компири во комбинација со многу зелена салата. Салатата зачинете ја со маслиново масло и лимонов сок.

Вечера:

  • Зеленчукова супа (тиквица, брокула, карфиол, кромид , морков – насечкајте ги на коцки и ставете ги да се варат околу 10-тина минути, потоа со алатка за пире или со блнедер направете убав и густ потаж , зачинете по сопствена желба, но не додавајте запршки).

Втор ден:

Појадок:

  • зелено смути: во блендер измешајте ½ банана, ½ портокал, ½ кива, малку свеж спанаќ, една лажица ленено семе и вода.

Ручек:

  • варена леќа со морков и кромид (не користете запршки, зачинете ја манџата по сопствен вкус, користете исклучиво маслиново масло).

Вечера:

  • зелена салата од марула, свеж спанаќ, рукола , сос од авокадо и 10-тина бадеми (сосот подгответе го така што ½ авокадо ќе го изгмечите со вилушка и во него ќе додадете малку маслиново масло, сок од лимон и малку лук).

Трет ден:

Појадок:

  • овесна каша (рецептот пронајдете го тука).

Ручек:

  • вариво од мешунки во комбинација со свежа салата (рецепт за варивото од мешукни пронајдете тука).

Вечера:

  • крем супа од броколи (рецептот пронајдете го тука).

Овој 3-дневен предизвик ќе ви го прочисти телото и ќе ви помогне да се ослободите од наталожените токсини. Доколку ви се појави желба за грицкање слободно посегнете по јаткасти плодови. Дозволено е да изедете неколку бадеми, лешници, ореви или индиски ореви. Но, бидете внимателни и не претерувајте со нив бидејќи содржат многу калории.  И не заборавајте во текот на денот задолжително да пиете од напитокот за детоксикација.  Потребно е секој ден да пиете по 2 литри.

Овој предизвик можете да го практикувате 3-4 пати месечно. Така ќе му помогнете на телото полесно да работи и да се ослободи од наталожените токсини кои се предизвикувачи на многу заболувања. Но, освен што ќе ви го подобри здравјето оваа детоксикација ќе ви помогне и за намалување на килограми.

Ви посакувам среќа!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *