30 дневен смути предизвик – Ден 12

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 12

Смути со ананас и мака

За денес се одлучивме за смути со ананас, банана и мака. За ананасот веќе неколку пати спомнавме дека е одличен за подобрување на варењето затоа што содржи ензими. Коренот од мака има неверојатни ефекти врз целокупното здравје (прочитајте повеќе).

Што ви е потребно?

  • 1/2 банана
  • 1/2 свеж ананас
  • 1 мала лажичка корен од мака (прав)
  • 200 ml вода
  • цимет (по желба)
  • по желба можете да додадете и мед, но нема да ви биде потребно затоа што и бананата и ананасот содржат доволно шеќер.

Како да подготвите?

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте 🙂

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *