30 дневен смути предизвик – Ден 13

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 13

Чоколадно смути

Ретко кој би одбил чоколадо. За оние на кои навистина им е тешко да одбијат чоколаден десерт смисливме чоколадно смути кое може да ви биде одлична замена за парче чоколадна торта или за било каков десерт. Иако калориски гледано можеби нема некоја калориска разлика помеѓу смути и парче чоколадо или парче чоколадна торта, сепак со чоколадното смути ќе внесете здрави калории, витамини, минерали и антиоксиданси.

Што ви е потребно за чоколадното смути?

  • 1 замрзната банана
  • 1 супена лажица кокосово брашно
  • 1 мала лажичка какао
  • 1 мала лажичка мелено ленено семе
  • 150 ml млеко
  • 1 мала лажичка мед (наместо мед можете да ставите 2 коцки црно чоколадо)
  • малку цимет (по желба)

Како да го подготвите?

Измешајте се заедно во блендер, доколку се решите наместо мед да ставите две коцки црно чоколадно, стопете ги првин на пареа, па потоа ставете ги во блендерот. Декорирајте со мелени ореви.

За крај уживајте 🙂

Рецепт од Елена Ѓеорѓиевска

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *