30 дневен смути предизвик – Ден 14

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 14

Смути со хлорела

За денес одбравме повторно смути за детоксикација. Главна сосотјка на денешното смути е хлорелата (прочитајте повеќе). Денес ќе употребиме спанаќ, лимон, ѓумбир,  јаболко и 2-3 урми за кои веќе во неколку наврати спомнувавме зошто е здраво да се јадат. Кога станува збор за жива и непреработена храна, изборот неможе да биде лош. Oсобено кога е во прашање зелено смути, какво и да подготвите нема да згрешите 🙂

Што ни е потребно за денешното смути со хлорела?

  • 1/2 лажичка хлорела
  • 1/2 зелено јаболко
  • неколку листови млад спанаќ
  • сок од 1 лимон
  • малку свеж ѓумбир (може и во прав 1/2 лажичка)
  • 2-3 урми
  • 200 ml вода

Како да го подготвите?

Измешајте се заедно во блендер, декорирајте со лимон и уживајте 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *