30 дневен смути предизвик – Ден 16

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 16

Смути со диња

Сезоната е дињите само што не почнала, но дали знаете зошто ова овошје е здраво?  Дињата содржи многу вода (91%), но содржи и шеќер, па затоа не им се многу препорачува на дијабетичарите. Содржи и 1% растителни влакна, масти, протеини и сложени јаглехидрати. Во 100 g диња има само 34 kcal. Богата е со витамин А, витамин Ц и со скоро сите Б витамини, содржи уште и калиум и магнезиум. Дињата посебно им се препорачува на лицата со висок крвен притисок. Растителните влакна од дињата го подобруваат варењето на храната и помагаат во намалувањето на телесната тежина. Водата и калиумот од ова овошје помагаат во работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.

Имајќи ги во предвид овие факти поврзани со дињата, за денес се одлучивме за смути со диња.

Што ви е потребно?

  • парче диња
  • 1/2 банана
  • неколку вишни (може и замрзнати)
  • цимет (по желба)
  • 200 ml вода

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте. Доколку уживате во декорации, подоговете го ова смути во два дела. За светлиот дел искористете само малку од бананата, дињата и 100 ml вода, за црвениот дел искористете го остатокот од бананата и водата, вишните и циметот. Во чашата првин ставете го светлиот дел, па потоа црвениот.

За крај уживајте 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *