30 дневен смути предизвик – Ден 17

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 17

Минт смути

Денешното смути е повторно зелено, тоа значи дека е нискокалорично и одлично за детоксикација. Можете да го пиете наутро,  за да го разбудите организмот или после тренинг за да го наполните со сите неопходни витамини и минерали. За да ве мотивираме почесто да си подготвувате зелени смути оброци еве ви неколку одлични причини:

  • го помагаат слабеењето на природен начин, а сепак внесувате многу хранливи состојки, особено хранливи влакна
  • внесувате многу повеќе зелен зеленчук
  • лесни се за варење и супер хранливи
  • ја чистат кожата бидејќи содржат многу вода, хранливи влакна, витамини и минерали
  • повеќе енергија од природните јаглехидрати
  • зелените смути оброци се богати со лековити антиоксиданси и фитонутриенти
  •  ќе ви го намалат нагонот и желбата за нездрава храна
  • ќе ви овозможат одлична алкализација на телото 
  • богати со хлорофил=сончева енергија, есенцијална за поттикнување на имунитетот, хлорофилот ја прочистува крвта, го подмладува телото и духот и ве ослободува од штетните токсини.

Затоа не двоумете се, одете во кујна и подгответе го денешното смути. За денес ќе ви биде потрено:

  • 1 портокал
  • 1 кива
  • 2-3 листови блитва
  • 2-3 листови целер
  • свежо нане
  • засладувач (1 лажичка мед или 2-3 урми)

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте во оброкот полн здравје 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *