30 дневен смути предизвик – Ден 20

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 20

Ресана смути

Овој вкус сигурно ќе ви се допадне - ресана смути. Но, ова е здрава варијанта на ресана вкусот. Сигурно претпоставувате дека портокалот овде ќе го заземе главното место. Вечерта пред да планирате да го направите ова смути измијте го портокалот убаво и ставете го во замрзнувач. Потребно е да го замрзнете бидејќи ќе ја користиме кората од портокалот. Таа има поинтензивен вкус од плодот и ја замрзнуваме за да биде полесна за рендање. Еве што ќе ви биде потребно:

Како да подготвите?

Изрендајте дел од портокалот, околу 2 супени лажици. Коцките мраз искршете ги убаво во блендерот и потоа додадете ги другите состојки. Убаво измешајте. Доколку уживате во декорации, искористете дел од остатокот од стопеното чоколадо и украсете ги ѕидовите на чашата. Дополнително би можеле да декорирате и со парче портокал.

На здравје!!!

by Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *