30 Дневен смути предизвик – Ден 21

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 21

Зелено смути со магданос

Свежиот магданос најчесто го среќаваме како зачин или додаток на разни салати и главни јадења. Ова растение со својот специфичен и интензивен вкус ќе ви помогне да направите интересно смути полно со витамини и минерали.

Свежиот магданос содржи флавоноиди, особено лутеолин, кои се врзуваат за слободните радикали во телото и го намалува оксидативниот стрес врз клетките. Исто така магданосот е богат со витамини А и Ц. Содржи и фолна киселина која се грижи за здравјето на вашето срце, особено кај луѓе со артериосклероза и дијабетичари со срцеви проблеми.

Што ќе ви е потребно?

  • 100 g магдонос
  • 1 кива
  • 1 јаболко
  • 1 краставица
  • ѓумбир (по желба)

Како да подготвите?

Ставете се во блендер, убаво измешајте и уживајте.

На здравје !!!

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *