30 Дневен смути предизвик – Ден 22

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 22

Смути утринско освежување

Денешното смути ќе ве освежи и наполни со витамини уште рано наутро. Одлична замена е за утринското кафе. Пиењето кафе на празен стомак често предизвикува проблеми со желудникот, а ова смути е одлична алтернатива.

Нането и ѓумбирот даваат прекрасен освежувачки вкус, а во исто време се полни со витамини и антиоксиданси. Лимонот ќе ги задоволи вашите потреби за витамин Ц. Медот ќе ви овозможи додатна енергија за почеток на денот.

 

Што ќе ви е потребно?

  • 1/2 зелено јаболко
  • сок од 1 лимон
  • неколку листови свежо нане
  • малку ѓумбир
  • мед (по желба)

Како да подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте. Добиеното смути може да го прецадите доколку сакате да ги избегнете малите парченца од листовите од нане и ѓумбирот. Додадете неколку коцки лед и уживајте. На здравје 🙂
Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *