30 Дневен смути предизвик – Ден 23

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 23

Смути за подобра дигестија

Ова смути е одлично за појадок. Полно е со минерали и нерастворливи растителни влакна кои ќе го разбудат дигестивниот систем. Сливите се полни со витамин Ц и ја подобруваат апсорпцијата на железо во телото. Исто така сливите содржат многу нерастворливи растителни влакна кои прават да се чувствувате сити со помалку храна, но помагаат и за подобро варење на храната и полесно празнење на цревата. Дополнително сувите сливи го регулираат шеќерот во крвта.

Комбинацијата од овесни снегулки, суви сливи и банана е одлична за здрав почеток на денот.

Што ќе ви е потребно?

  • 2-3 суви сливи (киснати во вода 30 минути)
  • 1/2 банана
  • 200 ml јогурт, млеко или здрава варијанта на млеко
  • 2 супени лажици овесни снегулки
  • 1 мала лажичка мелено ленено семе
  • 1 мала лажичка мед или природен џем (по желба)

Како да подготвите?

Најпрвин ставете се во блендер и убаво измешајте. Можете веднаш да го јадете или пак да го направите смутито претходната вечер и да го оставите во фрижидер до следнто утро. Преку вечерта лененото семе и овесните снегулки ќе го впијат вишокот течност од чинијата и ќе омекнат.

На здравје 🙂

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *