30 Дневен смути предизвик – Ден 26

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 26

Смути со кајсија и морков

За денес одбравме варијанта на смути која е полна со бета-каротен и е одлична за летниот период. Бета-каротенот ја штити кожата од опасните УВ зраци од Сонцето, па затоа е корисно да се зема бета-каротен, неколку недели пред изложување на сонце. Ова е одличен период кога би требале во исхраната да внесувате продукти со жолто-портокалова боја кои се полни со бета-каротен.

Што ви е потребно?

  • 1 морков
  • 1 кајсија
  • 1/2 банана
  • 1 мала лажичка мака
  • 200 ml вода

Како да подготвите?

Ставете се во блендер и добро измешајте.

На здравје 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *