30 Дневен смути предизвик – Ден 27

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 27

Смути со аронија, портокал и цвекло

За денес смути полно со антиоксиданси, железо и витамин Ц. Со вклучување на бобинки во вашето смути обезбедувате доволно антиоксиданси. Сокот од портокал дава прекрасен освежувачки вкус и многу витамин Ц. Цвеклото е добро позната суперхрана, една од најбогатите со железо. Дополнително помага во намалување на крвниот притисок со тоа што природно ги релаксира крвните садови и го подобрува протокот на крв. Имајте на ум дека листовите од цвеклото се нутритивно побогати од самиот корен, па доколку купите цвекло со листови искористете ги и нив. Тие помагаат во борба против остеопорозата преку зајакнување на коските. Исто така, го зајакнуваат имунитетот со тоа што стимулираат продукција на антитела и бели крвни клетки.

Што ви е потребно?

  • сок од 1 портокал
  • 10-тина боровинки или аронија
  • 1 цвекло со средна големина (ако имате листови искористете ги и нив)
  • 200 ml кокосово млеко или вода
  • 1 мала лажичка мед
  • неколку коцки лед (по желба)

Како да подготвите?

Ставете се во блендер и добро измешајте. Коцките лед додајте ги на крај.

На здравје 🙂

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *