30 Дневен смути предизвик – Ден 29

Смути предизвикот е при крај, ни останува само уште 1 ден.


Ден 29

Освежувачко смути со лубеница

За денес одбравме освежувачка варијанта на смути со лубеница. Лубеницата во себе содржи ликопен кој можете да го најдете во доматите и пиперките. Тој ја штити кожата од оштетувањата кои настануваат од Сонцето, но исто така придонесува и за здравјето на кардиоваскуларниот систем и коските. Едно парче лубеница во себе содржи, 18,16 mg ликопен. Парче лубеница ќе ви обезбеди и 25% од дневните потреби за витамин Ц, а исто така и доволно количество витамин А, кој пак го одржува здравјето на очите и кожата. Лубеница  е одлична намирница доколку се обидувате да намалите килограми бидејќи содржи само 40 калории  во едно парче. Содржи и повеќе од 90% вода што дополнително ќе ви помогне во хидрацијата на телото. Комбинацијата на лубеницата со јагоди и праска е одлична за летните топли денови бидејќи ќе ве освежи и наполни со енергија.

Што ви е потребно?

  • 1 средно парче лубеница (исчистено од семки)
  • неколку јагоди
  • 1 праска
  • неколку гоџи бобинки
  • 50 ml вода
  • неколку коцки лед

Како да подготвите?

Измешајте ги сите сосотојки заедно во блендер. Ако го сакате погуста варијанта на смути, не додавајте вода. Лубеницата има доволно вода во себе така што водата не е неопходна. За крај декорирајте со листови нане и уживајте.

На здравје !!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *