30 дневен смути предизвик.
Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.
Ден 23
Смути за подобра дигестија
Ова смути е одлично за појадок. Полно е со минерали и нерастворливи растителни влакна кои ќе го разбудат дигестивниот систем. Сливите се полни со витамин Ц и ја подобруваат апсорпцијата на железо во телото. Исто така сливите содржат многу нерастворливи растителни влакна кои прават да се чувствувате сити со помалку храна, но помагаат и за подобро варење на храната и полесно празнење на цревата. Дополнително сувите сливи го регулираат шеќерот во крвта.
Комбинацијата од овесни снегулки, суви сливи и банана е одлична за здрав почеток на денот.
Што ќе ви е потребно?
- 2-3 суви сливи (киснати во вода 30 минути)
- 1/2 банана
- 200 ml јогурт, млеко или здрава варијанта на млеко
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 1 мала лажичка мелено ленено семе
- 1 мала лажичка мед или природен џем (по желба)
Како да подготвите?
Најпрвин ставете се во блендер и убаво измешајте. Можете веднаш да го јадете или пак да го направите смутито претходната вечер и да го оставите во фрижидер до следнто утро. Преку вечерта лененото семе и овесните снегулки ќе го впијат вишокот течност од чинијата и ќе омекнат.
На здравје 🙂