30 Дневен смути предизвик – Ден 25

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 25

Едноставно смути со авокадо

Овој напиток е исклучително вкусен, како за деца, така и за возрасни. Авокадото е незаменлив извор на омега-3 масни киселини. Исто така со ова смути ќе внесете и 7 g протеини, што претставува количина на протеини што ја има во едно јајце. Дополнително ќе задоволите 29% од дневните потреби за витамин Б2 и Б5 (пантенол), 27% од дневните потреби за витамин Б6, 23% од дневните потреби за витамин Б12 и 26% од дневните потреби за фосфор. Во авокадото исто така се наоѓа и голема концентрација на танини кои се познати по своите антивоспалителни, антиоксидантни и антиулкусни својства. Во мала концентрација се наоѓаат и флавоноиди кои спаѓаат во групата на полифенолни антиоксиданси кои штитат од слободните радикали. Свежото авокадо е и многу добар извор на калиум важен за регулација на работата на срцето и одржување на нормални вредности  на крвениот притисок.

Што ви е потребно?

Како да го подготвите?

Авокадото треба да биде добро узреано за да можете лесно да ја оделите кората и семката, но доколку сте купиле зелено и тврдо авокадо, ставете го во затворен сад заедно со банана и јаболко и оставете го да стои еден до два дена. Ензимите кои ги ослободуваат овие овошја ќе му помогнат на авокадото побргу до узрее и омекне. Кога ќе го излупите авокадотото, додајте го млекото и медот и убаво измешајте во блендер.

За крај уживајте 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *