4 рецепти за здрави летни безалкохолни коктели

Споделете со пријателите

Топлите летни денови се веќе во полн сјај. Сигурно не би одбиле убав освежувачки леден коктел. Искористете го сезонското летно овошје и подгответе си вкусни летни освежувања за помалку од 5 минути. Освен што нема да ви ја нарушат диетата, ќе ве наполнат со витамини и минерали кои му се потребни на телото за време на топлите денови. Овие летни коктели можете да ги споделите и со своите деца, така што на интересен начин ќе ги натерате да пијат здрави напитоци.

Пинаколада

пинаколада

Состојки:

  • 150 ml сок од ананас
  • 75 ml кокосово млеко
  • 1/2 лажичка стевиа или лажичка мед
  • малку кокосово брашно
  • коцки лед

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки заедно и блендирајте неколку минути во блендер. Послужете го коктелот во коктел чаша со коцки лед. На крај посипете малку кокосово брашно и декорирајте со парче ананас.

Коктел од шумско овошје

berries

Состојки:

  • 1/2 банана
  • неколку замрзнати бобинки шумско овошје
  • 250 ml кокосово млеко
  • малку цимет
  • коцки лед

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте неколку минути дури не добиете хомогена смеса. Послужете го во изладени чаши со коцки лед и декорирајте по желба.

Зелена бомба

green

Состојки:

  • 1/2 зелена јаболка
  • сок од 1 лимон
  • малку свеж ѓумбир
  • 250 ml минерална вода
  • коцки лед

Подготовка:

Јаболкото, сокот од лимон и ѓумбирот ставете ги во блендер и убаво измешајте. Потоа додадете ја минералната вода и послужете го коктелот во ладна чаша со коцки лед. Декорирајте по желба.

Како дополнување на овој рецепт ве потсетуваме на рецептот за подготовка на Безалкохолно мохито.

Коктел од лубеница

lube

Состојки:

  • 300 g лубеница
  • 250 ml минерална вода
  • сок од 1/2 лимета
  • мала лажичка мед
  • коцки лед

Подготовка:

Лубеницата, медот и сокот од лимета ставете ги во блендер и убаво измешајте. На крај додајте ја минералната вода и коцките лед. Декорирајте по желба.

Овошна вода: Вкусно и здраво летно освежување

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *