4 витамини и минерали кои го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат слабеењето

Споделете со пријателите

Проблемот со вишокот килограми и нивно губење станува се потежок како што старееме, а причината затоа е забавување на метаболизмот и се полесното трупање на масни наслаги.

Што можеме да направиме за да го превенираме тоа и да го забрзаме барем малку нашиот метаболизмот?

Доколку се храните здраво и избалансирано како што сугерираат сите професионалци за здрава исхрана, најверојатно ќе немате никаков проблем, затоа што вашето тело ќе ги добива сите потребни витамини и минерали кои му се потребни за метаболичките процеси. Од друга страна пак, доколку внесувате помалку калории од тоа што трошите, нема ни да таложите масти.

Но, тоа вака напишано е многу лесно, а во пракса веќе многу посложено!

Многу луѓе во борбата со вишокот килограми пробуваат разни диети кои исклучуваат од исхраната многу намирници. Сето тоа од една страна може да помогне за намалување на килограмите, но од друга во зависност од тоа кои намирници ги исклучуваме може да дојде до дефицит на некои витамини и минерали што можат да предизвикаат друг проблем.

Многу луѓе започнуваат одредена диета и на самиот старт имаат супер резултати, но после одреден период телото започнува да компензира и ја “сфаќа” нашата цел, така што процесот на губење килограми драстично опаѓа. Причината затоа може да биде и недостиг на некои неопходни витамини и минерали кои поради диетата и исклучување на некои намирници не ги внесуваме.

Недостатокот од одредени витамини и минерали во телото може да го забави метаболизмот драстично да го забави процесор на слабеење.

Прочитајте во продолжение за кои витамини и минерали станува збор:

  1. Б- витамини

Групата Б-витамини ги вклучува следните витамини:

  • Б1 – тиамин
  • Б2 – рибофлавин
  • Б3 – ниацин
  • Б5 – пантотенска киселина
  • Б6 – пиридоксин
  • Б7 – биотин
  • Б9 – фолна киселина
  • Б12 – колабамин

Овие витамини се есенцијални за целосно и правилно функционирање на метаболизмот. Главната функција на Б- витамините е да му помогнат на телото да ги метаболизира јаглехидратите, мастите и протеини и да ја искористи енергијата која ја внесуваме во телото од храната.

Тиаминот пример му помага на телото да ги конвертира јаглехидратите во енергија. Со други зборови ниско ниво на тиамин во телото би значело дека нашето тело и метаболизам нема да функционираат баш најбеспрекорно и нема да бидат во можност во целост да ги искористат јаглехидратите за енергија. Ова може многу да го отежни губењето на килограмите.

Б-витамините ги има во следната храна: мешунки, млеко, јајца, интегрални житарици, банани, компири и сл.

Кобаламинот односно витамин Б12 за жал го нема во продукти од растително потекло, така што луѓе кои се вегани е многу веројатно дека би имале дефицит од овој витамин.

  1. Витамин Д

Потребана количина на витамин Д ја добиваме од сонцето, но за жал многу луѓе во денешно време работат во затворени простории во кои воопшто и да нема светлина и многу често се соочуваат со проблем на дефицит на витамин Д.

Овој витамин е круцијален за оптимално функционирање на имуниот систем.

Многу истражувања дошле до заклучок дека кај луѓето со вишок килограми се забележува недостаток од витамин Д.

Точната врска помеѓу овој витамин и губењето на килограмите се уште не е позната, но сепак една студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition дошла до заклучок дека кај возрасни индивидуи со вишок килограми кои земале суплементи со витамин Д и калциум дошло до поголемо губење на масти околу стомакот споредено со возрасни индивидуи кои исто имале вишок килограми, но не земале суплементи.

Сонцето е најдобар извор на витамин Д, но сепак овој витамин може да се најде и во одредена храна како: сардини, туна, лосос, жолчки од јајца, млеко, јогурт и сл.

Одржување на оптимални нивоа на витамин Д во телото помага и за превенција од депресија.

  1. Железо

Железото учествува во процесот на креирање енергија од нутритиентите. Тоа помага за транспорт на кислородот до сите клетки во телото. Ниско ниво на железо во телото предизвикува анемија и проблеми со општото здравје.

Симптомите на анемија и недостаток на железо вклучуваат: слабост, ниско ниво на енергија, раздразливост, вртоглавици, зуење во ушите и сл.

Железото најмногу го има во изнутриците (црн дроб), црвеното месо, зелените зеленчуци, мешунките и сл.

Можеби ќе ве интересира: 10 корисни намирници богати со железо

Одржување на нормални нивоа на железо и хемоглобин во крвта гарантира одлично искористување на енергијата од нутритиентите и помал ризик од натрупување на масно ткиво во телото.

  1. Магнезиум

Магнезиумот е неопходен за продукција на енергија во телото. Тој е кофактор на повеќе од 300 ензимски системи во телото кои без него не би можеле да функционираат, што значи дека е клучен за нормално одвивање на метаболичките процеси.

Магнезиумот учествува во следните процеси: контрола на нивото на шеќер во крвта, контрола на крвниот притисок, одржување на цврстината на коските, одржување на нормално функционирање на нервниот систем,.

Најдобар извор на магнезиум е следната храна: јатксати плодови, семиња, мешунки, зелен лиснат зеленчук и сл.

Сепак доколку внесувате суплементи со магнезиум, а внесувате и доволно магнезиум преку храната, бидете внимателни затоа што зголемени нивоа на магнезиум во телото можат да предизвикаат дијареја.

Можеби ќе ве интересира: Дали имате недостаток од магнезиум?


Заклучок:

Каков начин на исхрана и да следите секогаш во прв план имајте го здравјето , а потоа губењето на килограмите.

Најдобро е здраво губење на килограмите со избалансирана исхрана која нема да исклучува одредени нутритиенти, затоа што понекогаш во борба со физичкиот изглед не сме ни свесни дека си нанесуваме штета на здравјето и на метаболизмот кои потоа тешко се коригираат.

Недостатокот од одредени витамини и минерали во телото не само што може да предизвика поголемо таложење на масно ткиво во телото, туку може да предизвика и посериозни последици со целокупното здравје.

Јадете здрава храна, помали оброци, избегнувајте процесирани производи и што е најважно бидете физички активни!


Можеби ќе ве интересира:

20 кратки и убедливи причини зошто треба да започнете да вежбате

Вежбате, а не слабеете! Зошто?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *