5 лесни и брзи рецепти со свежи јагоди

Јагодите се омилено овошје за сите генерации. Толку мали, а толку моќни и вкусни. Јагодите се полни со антиоксиданси и се значајни чувари на здравјето. Во 100 g јагоди има само 30 калории и само 8 g шеќери од кои 2 g отпаѓаат на нерастворливи влакна. 100 g јагоди на ден задоволуваат 100% од дневните потреби за витамин Ц.

За да ја искористиме сезоната на јагодите подготвивме 5 брзи, лесни и здрави рецепти кои нема да ви одземат повеќе од 10 минути за подготовка.

  1. Чиа пудинг со јагоди

Потребни состојки:

  • 2 лажици чиа семе
  • 1 лажица мед
  • ½ банана
  • 1 чаша јагоди
  • 50-100 ml вода

Начин на подготовка:

Ставете се во блендер, убаво измешајте и потоа оставете во фрижидер околу 1 час.

  1. Овесна каша со јагоди

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Овесните снегулки потопете ги во водата или во бадемово млеко и додадете го медот. Оставете ги околу 20-тина минути да ја впијат водата. Потоа додадете ги ситно насечканите јагоди, измешајте и уживајте.

  1. Освежително смути со јагоди

Потребни состојки:

  • 1 чаша јагоди
  • 1 банана
  • 200 ml вода
  • 1 лажица гоџи бобинки

Начин на подготовка:

Ставете се во блендер и убаво измешајте.

  1. Намаз од јагоди

Потребни состојки:

  • 100 g несолени индиски ореви (киснати во вода минимум 2 часа)
  • 2 чаши јагоди
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Исфрлете ја водата во која киснеле индиските ореви и ставете ги во блендер заедно со јагодите и медот. Убаво измешајте и складирајте во тегличка. Ова е одличен намаз за појадок или ужинка заедно со интегрално лепче или интегрални крекери.

  1. Здрав сладолед со јогурт и јагоди

Потребни состојки:

  • 1 чаша јагоди
  • 2 банани
  • 250 ml јогурт
  • 1 лажица мелено ленено семе

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блнедер и потоа оставете го сладоледот во замрзнувач околу 2 часа.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *