5 лесни рецепти за здрав сендвич за појадок

Споделете со пријателите

Брзиот начин на живот е најчестиот изговор за лошата дисциплина кон храната и кон физичката неактивност. Но, доколку сте свесни за сопственото здравје и сакате да внесете здрави промени во секојдневното живеење сигурни сме дека за тоа можете да најдете време.

Планирање на оброците и организација на следниот ден вечерта пред да одите на спиење е корисна алатка кога се во прашање здравите навики.

Бидејќи повеќето од нас појадокот го конзумираат на работното место каде вообичаено имате ограничени ресурси, најдобра опција е подготвување на истиот дома. За таа цел ви предлагаме 5 брзи и лесни рецепти за подготвка на здрав сендвич кој би можеле да го конзумирате на работното место.

1. Сендвич со пилешко и сос од авокадо

Потребни состојки:

  • 2 парчиња интегрално лепче
  • 1/2 авокадо
  • 1 тенко парче пилешки стек
  • лист марула
  • 2-3 тркалца домат

Начин на подготовка: 

Авокадото одделете го од лушпата и со вилушка убаво изгмечете го, додајте му малку сок од лимон, бибер и сол и убаво измешајте дури не добиете убав хомоген сос. На лепчето ставете ги тркалцата домат, па потоа ставете од сосот, врз него ставете го парчето стек, а врз стекот листот марула. Затворете го сендвичот со второто парче интегрално лепче. Завиткајте во фолија и чувајте го во фрижидер до следниот ден.

send-1

2. Сендвич со сардина и краставица

Потребни состојки:

  • 2 парчиња интергално лепче
  • 1/2 конзерва сардина
  • 1/2 краставица
  • 2-3 тркалца домат
  • лист марула

Начин на подготовка: 

Сардината изгмечете ја со вилушка и додадете малку сок од лимон и зачини по желба. Потоа на едното парче интегрално лепче ставете ги тркалцата домат, а врз нив листот марула, врз марулата ставете ја сардината и на крај тркалцата краставица. Затворете го сендвичот со другото парче интегрално лепче, завиткајте во фолија и чувајте го до следниот ден во фрижидер.

sand-2

3. Сендвич со банана и путер од кикиритки

Потребни состојки: 

  • 2 парчиња интегрално лепче
  • 1-2 супени лажици путер од кикиритки
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка чија семе

Начин на подготовка: 

Намачкајте го путерот од кикиритки на интегралното лепче, врз него наредете ги тркалцата банана, потоа ставете малку мед и посолете со чија семето. На крај затворете го сендвичот со другото парче интегрално лепче, завиткајте во фолија и чувајте во фрижидер до следното утро.

send-3

4. Сендвич со варено јајце и рукола

Потребни состојки: 

  • 2 парчиња интергално лепче
  • 1 варено јајце
  • неколку листови рукола
  • 1 лажица немасна павлака

Начин на подготовка: 

На едното парче леб ставте ја павлаката и убаво намачкајте го, потоа ставете ја руколата и на крај тркалцата варено јајце. Затворете го седнвичот и завиткајте го во фолија. Чувајте го во фрижидер до следното утро.

sand-4

5. Сендвич со лосос

Рецептот за овој сендивч пронајдете го тука.

send-5

Можеби ќе ве интересира: Здрави оброци на работното место.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *