5 навики кои го зголемуваат стресот

Споделете со пријателите

Добро е да се знае што може да го зголеми стресот, затоа што тоа во одредени моменти може да ви помогне свесно да го избегнете.

Без разлика дали е по наша волја или не, стресот е присутен во секојдневието на скоро секој поединец. Меѓутоа некои наивни работи кои постојано ги правиме можат да го зголемат стресот. Стресот е една од главните причини за појава на многу заболуваа, така што намалување на истиот може многу да помогне за подобрување на здравјето.

Ова се 5 секојдневни навики кои можеби ги правите несвесно, а имаат големо влијание на зголемување на стресот.

Неурамнотежена исхрана

Кога чувствувате немир во себе многу пати посегнувате по чоколадо, слатки, газирани пијалоци, кофеински напитици и сл. без да размислите како сета претходно набројана храна влијае на општото физичко и ментално здравје.

За оптимално функционирање и добро здравје потребно е да јадете многу свежо овошје и зеленчук, да пиете доволно вода, да користите во исхраната здрави масти и да внесувате доволно квалитетни протеини. Ако се храните со лоша и нездрава храна нема да се чувствувате убаво. Можеби моментот кога ќе ја јадете храната ќе ви биде убаво затоа што вообичаено нездравите намирници се многу вкусни, но периодот после јадењето ќе чувствувате тежина и мачнина кои со текот на времето му прават непотребен стрес на организмот.

Некои намирници имаат навистина неверојатна моќ да го намалат стресот, тоа се: намирници богати со омега-3 масни киселини (ленено и чиа семе, риба, кокосово масло и сл.), намирници богати со магнезиум (помагаат за опуштање на мускулите), намирници богати со антиоксиданси (какао). Сите овие намирници исто така допринесуваат и за превенција од срцеви заболувања и депресија.

Премногу размислувате

Кога ќе ви се случи нешто лошо, дали постојано размислувате за тоа? Дали постојано се оптеретувате, како можеше да биде и зошто не направивте вака или онака? За повеќето луѓе, тоа е вообичаена состојба. Кога стекнете навика и опсесивно размислувате за нештата кои ви се случиле, сето тоа многу негативно влијае на вас и вашето здравје. Таквите мисли исцрпуваат и можат да предизвикаат депресија.

Постои разлика помеѓу настојување да се реши некој проблем и постојано навраќање на нешто што не сте направиле во минатото. Грешките од минатото нема да ги исправите доколку постојано се оптеретувате со нив, тие се случиле и би требало да ви бидат поука за следниот пат.

Постојано касните

Можеби мислите дека каснењето неколку минути воопшто не е страшно, но тоа може да стане проблем ако ви помине во навика. Доколку постојано касните, тоа влијае на впечатокот кој го имаат луѓето околу вас за вас. Каснењето создава притисок и за вас, но и за луѓето околу вас. Затоа следниот пат кога сте договорени со некого, испрочитувајте го договореното време.

Работите премногу

Можеби мислите дека најдобар начин да ја завршите работата во целост е цел ден да останете заковани за бирото и да бидете фокусирани. Но, во пракса тоа не е така затоа што концентрацијата и ефикасното работење не можат да се одржат толку долго време. Напротив, тоа може да ве успори и да допринесе да направите многу повеќе грешки, што може да ви предизвика дополнителен стрес. Многу истражувања покажуваат дека продуктивноста опаѓа доколку подолго време не правите пауза. Многу е важно да правите кратки паузи на секои два часа седење пред компјутер.

Нередовен сон

Ако често ви се случува за заспиете во текот на денот, би требало да размислите дали доволно спиете и дали навечер одите во кревет во разумно време. Современиот живот е навистина убрзан и останува многу малку време за спиење, но сепак сонот е кучен за квалитетен живот и оптимално здравје. Нередовниот сон може да ве направи постресни, да ви ја намали продуктивноста и да ви предизвика проблеми со здравјето (ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, дебелина и сл.). Бидете сигурни дека му обезбедувате на телото од 6-8 саати добар и квалитетен сон секој ден, бидејќи само така ќе можете да се носите со сите предизвици кои ги носи секој ден.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *