5 болести кои ги спречува утринско кафе

Околу 83 % од возрасните луѓе пијат кафе. Тоа е одличен начин за почеток на денот или пак за освежување во попладневните часови. Но, дали знаете дека постојат студии со кои се докажува дека кафето освен што ни пружи уживање помага и во спречување на неколку болести.

1) Алцхајмерова болест

Најраспространетата невродегенеративна болест во светот. Алцхајмеровата болест е  главната причина за појава на деменција кај постарите луѓе. Многу студии покажуваат дека оние кои пијат кафе имат 65% помала шанса од развој на оваа болест и деменција.
Кафето најчесто го конзумираме поради стимулативниот ефект кој го добиваме од кофеинот во него. Но покрај кофеин, кафето содржи и високо ниво на полифеноли кои имаат директен ефект врз мозокот. Полифенолите го намалуваат оксидативниот стрес и воспалението во целото тело.

2) Паркинсонова болест

Оваа болест предизвикува изумирање на одредени неврони во мозокот. Како што тие умираат, контролата врз моторните функции се намалува. Неколку студии покажале дека кафето го намалува ризикот од Паркинсонова болест за 60%. Безкофеинското кафе не покажало ефект кон спречување на оваа болест. Главен “играч” во сето тоа е кофеинот, што значи дека ист ефект ќе добиете и од зелен или црн чај или пак  од кофеински таблети. Една студија покажува дека овие придобивки од кофеинот не се манифестира кај жени кои примаат постменопаузална терапија за замена на естроген.

3) Канцерогени заболувања

Ракот на црниот дроб и на дебелото црево најчесто се јавуваат после 50-тата година. Ракот на црниот дроб е на третото место на причинители на смртност во светот,  додека ракот на дебелото црево е четврт на оваа листа. За ракот на црниот дроб, докажано е дека кафето го намалува ризикот за 40%. Една студија докажала дека кафето ја намалува карциногенезата на ткивото на овој орган. Дополнително кафето спречува и цироза на црниот дроб.

 

4) Дијабетес мелитус тип 2

Дури 90 % од заболените од дијабетес, имаат дијабетес тип 2. Една мета-студија анализирала повеќе од 450 000 луѓе и покажала дека секоја чаша кафе го намалува за 7 % ризикот од развивање на оваа болест.

5) Депресија

Луѓето помеѓу 45-60 години имаат најголем ризик од развој на депресија. Жените се почесто дијагностицирани со оваа болест, но неодамнешна студија покажува дека само симптомите кај мажи се различни.
Студија од Харвард објавена во 2011 ја испитала корелацијата помеѓу конзумација на кафе и шансата една жена да биде дијагностицирана со клиничка депресија. Резултатите покажале дека оние жени кои пијат 4 или повеќе кафиња на ден имале 20% помал ризик од развој на депресија. Друга студија со примерок од 208,424 испитаници докажала дека кафето го намалува ризикот од самоубиство за 53 %.

Епа на здравје утринско кафе 🙂


Дали го посетивте новото урбано место во градот – Urban Way Coffee? 

Одлично место, со релаксирачка атмосфера каде што можете да уживете во шоља прекрасно кафе (100 % арабика).

Лоцирани се на на плоштад, ведаш позади бикот без опаш :), до продавница Пеко.

Кај нив ќе го најдете најубавото и најквалитетно кафе кое можете да го уживате во нивната прекрасна, удобна и реласирачка атмосфера или пак да си го земете за носење каде и да одите 🙂

View this post on Instagram

Кафето содржи околу 800 различни ароми, а само една чаша кафе содржи над 300 антиоксиданти кои се задржуваат околу еден месец во нашиот организам. Добро е да се знае дека кофеинот го намалува апетитот, а го забрзува метаболизмот. Со тоа кафето помага во слабеењето. Редовно пиење на кафе во комбинација со физичка активност и нискокалорична исхрана дава најбрзи резултати. Со пиење две шољи кафе на ден согорувате масти, и тоа 20% побрзо. А вашето кафе ве чека во @urbanwaycoffee

A post shared by Coffee Shop Skopje (@urbanwaycoffee) on

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *