5 одлични идеи за летен лесен појадок

Ако сте во потрага по лесен појадок за овие топли денови, ние имаме одлични 5 предлози кои ќе ве освежат и ќе ви дадат енергија да го “зграпчите” денот.

  1. Чиа пудинг

Чиа семето е одлична и полновредна намирница која одлично се вклопува за појадок. Три лажици чиа семе содржат дури 12 g влакна што е околу 40% од дневните потреби за внес на растителни влакна. Чиа семето исто така содржат и протеини, односно 3 лажици чиа семе содржат околу 6 g протеини, добар извор е и на омега-3 масни киселини и на магнезиум.

Чиа пудингот кој е многу актуелен во последно време се подготвува навистина едноставно.

Наши предлози и рецепти:

Чоколаден чиа пудинг

Вкусен и здрав десерт: Чиа пудинг од јагода

Шарен здрав чиа пудинг

  1. Зелено смути

Тајната на зеленото смути е содржината на зелено овошје и зеленчук кои изобилуваат со антиоксиданси, многу фитонутритиенти, хлорофил, магнезиум и калиум.

Зелено смути е одличен појадок кој ќе ве хидрира и наполни со многу витамини и минерали кои ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви го подобрат здравјето. Додадете и некое јаткасто овошје или некои семиња за да ја зголемите нутритивната вредност на вашето утринско смути, така ќе останете сити подолго време.

Наши предлог: Зелено смути за детоксикација

  1. Интегрален леб со хумус

Хумусот е одличен намаз кој се подготвува од наут. Хумусот можете да си го подготвите и дома, но можете да го купите и веќе готов од некој подобро снабден маркет.

Како да си подготвите домашен хумус?

Хумусот е полн со витамини од групата Б, магнезиум и многу антиоксиданси и е одличен за убав почеток на денот.

На парче интегрален леб, намачкајте хумус и додадете некои зачини по ваша желба. Можете да комбинирате и со некој свеж сезонски зеленчук.

  1. Свежи смокви

Свежи смокви можете да ги јадете само ве летниот период и затоа искористете ја таа можност. Тие се одлична лета овошка, содржат голема концентрација на растителни влакна, железо, калиум ,калциум, магнезиум и витамини од групата Б.

  1. Крекери од семиња

Подгответе си сами интегрални крекери од семиња. Ние имаме два одлични рецепти:

Солени енергетски крекери со семиња без брашно и без масло

Интегрални солени колачи

Крекерите од семиња се одличен извор на здрави масти, односно омега-3 масни киселини кои ќе ве одржат сити подолго време. Исто така семињата содржат и многу голема концентрација на растителни влакна, што може да ви помогне доколку имате проблеми со празнењето на цревата.

Интегралните солени крекери одлично се комбинираат со јогурт, кефир или пак со кисело млеко.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *