5 идеи за здрав појадок во тегличка

За да се храните здраво не е потребно многу. Потребна ви е само добра организација и желба. Оброкот на работното место не мора секој ден да биде бурек или сендвич. Многу е едноставно да си подготвите дома здрав појадок и да си го земете со себе на работа.

Ние имаме за вас 5 едноставни предлози за здрав појадок во тегличка:

  1. Овесна каша со мед и јогурт

Нутритивни вредности: 366 калории, 75 g јаглехидрати, 3.8 g масти и 11 g протеини.

Потребни состојки:

  • 4 лажици овесни снегулки
  • 1 лажичка мед
  • 200 ml јогурт
  • овошје по желба (најдобро замрзнати бобинки).

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги заедно во мала тегличка и земете ја тегличката со вас на работа.

  1. Чиа пудинг со какао

Нутритивни вредности: 360 калории, 37.4 g јаглехидрати, 18.8 g масти и 14.5 g протеини.

Потребни состојки:

  • 4 лажици чиа семе
  • 150 ml млеко (може и растително: бадемово, оризовово, кокосово и сл.)
  • 1 лажичка стевиа
  • 1 лажичка какао
  • ½ банана.

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги заедно во тегличка. Бананата насечкајте ја на ситни парченца и додадете ја на крај.

  1. Густо хранливо смути

Нутритивни вредности: 281 калории, 52.3 g јаглехидрати, 8.4 g масти и 6.1 g протеини.

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 киви
  • неколку зрна аронија
  • 10-тина замрзнати јагоди
  • 10-тина непечени бадеми или индиски ореви
  • околу 50-100 ml вода.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер. Кога ќе добиете убаво и густо смути, ставете го во тегличка.

  1. Семиња со кисело млеко

Нутритивни вредности: 464 калории, 28.1 g јаглехидрати, 23.9 g масти и 36.8 g протеини.

Потребни состојки:

  • 1 лажици сусам
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица семе од сончоглед
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажица овесни снегулки
  • 4-5 лажици кисело млеко.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во тегличка и убаво измешајте ги.

  1. Киноа снегулки со брусница и мед

Нутритивни вредности: 296 калории, 65 g јаглехидрати, 2 g масти и 6 g протеини.

Потребни состојки:

  • 4 лажици киноа снегулки
  • 1 лажици сува некандирана брусница
  • 1 лажица суви гоџи бобинки
  • 1 лажичка мед
  • околу 150 ml млака вода или млеко по желба.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во тегличка и убаво измешајте.

Уживајте во утрото!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *