6 начини да го препознаете скриениот шеќер во храната!

Белиот шеќер припаѓа во најштетните намирници кои секојдневно ги внесуваме преку храната. Прекумерната конзумација на шеќер е поврзана со појава на дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Дополнително истражувањата покажуваат дека се поголем дел од населението конзумира прекумерни дози на шеќер секојдневно. Понекогаш вината не е целосно во наши раце, затоа што трудејки се да се храниме здраво несвесно внесуваме прекуумерени дози на шеќери.

Производителите на процесирана храна секојдневно наоѓаат нови начини како да го сокријат присуството, односно количеството на шеќерот во намирниците. Еве ги најчестите начини како го постигнуваат тоа:

1) Шеќерот го именуваат под друго име

  • Фруктоза
  • Гликоза
  • Гликозен сируп
  • Фруктозен сируп
  • Јаворов сируп
  • Декстран
  • Декстроза
  • Малтодекстрин
  • Малтоза
  • Панела
  • Пченкарен сируп
  • Оризов сируп
  • Овесен сируп

seker

2) Додаваат повеќе видови на шеќер

Во декларацијата на производот, по правило, состојките треба да се подредени според количевството. Односно состојките кои најмногу ги има во производот се први на листата, а оние кои најмалку ги има се последни.

Некои компании за да избегнат шеќерот да биде на прво место, користат мало количество од неколку разни видови шеќер. На овој начин тие постигнуваат шеќерните состојки да бидат на 3, 4 или 5-то место, а всушност производот да е направен претежно од шеќер.

3) Додавање шеќер каде најмалку би очекувале

Во денешно време дури и солените производи содржат големо количество на шеќер. Ваков пример е кечапот. Ако ја погледенете декларацијата на шише кечап, ќе забележите дека шеќерот е на второ или трето место во составот.

4) Користење на “здрав” шеќер

Сигурно сте сретнале амбалажа на производи, особено оние во делот за здрава храна, каде пишува “Не содржи рафинирани шеќери”. Во овој случај производот навистина не содржи бел шеќер, но содржи кафеав шеќер, нерафиниран шеќер, јаворов сируп и слично. Иако овие алтернативни извори на шеќер се поздрави од обичниот шеќер, сепак содржат исто калории колку него и треба да се внимава на нивниот внес.

5) Производи со натписи како “0% масти”, “диетални” или “100 проценти природен вкус”

Кога од одредена храна се елиминираат сите масти, нејзиниот вкус тотално исчезнува и воопшто не е вкусна за јадење. Затоа на овие производи им се додаваат екстра шеќер за да им се подобри вкусот. Затоа секогаш кога ќе видете амбалажа на која пишува со големи букви дека е без масти или е диетален производ, прочитајте го детално состоват за да се уверите дали мастите се заменети со шеќери.

6) Огромен број на порции во едно пакување

Често ќе сретнеме амбалажа каде пишува “Само 5 грама шеќер во порција” или нешто слично. Во овие случаи големината на производот е премала и при нормален оброк вие би изеле не една туку пет порции. Значи наместо 5 грама, ќе внесете 25 грама шеќер.

Во денешно време станува се потешко и потешко да се забележи шеќерот во храната што ја купуваме. Најлесен начин да го намалите шеќерот во исхраната е најголемиот дел од оброците сами да си ги приготвувате, а за оние производи кои мора да ги купите, првин детално прочитајте го составот.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *