6 нискокалорични закуски за подобар сон

Jадењето доцна навечер не е препорачливо, особено ако сакате да ја намалите својата тежина. Прескокнување на вечерата е една од навиките кои можат да помогнат во намалување на килограмите.  Конзумирањето на брза храна или десерти полни со шеќери доцна навечер или непосредно пред спиење има големо влијание врз таложењето на масното ткиво.

Но, постојат намирници кои можете слободно да ги конзумирате пред спиење без да наштетат на вашата линија, а воедно и да ви го подобрат сонот.

1) Урда: Помага во градење на мускулите додека спиете

Урдата е богата со протеини, а сиромашна со јаглехидрати и масти. Протеините во урдата се претежно составени од казеин протеини. Казенот е вид на протеин кој споро се разложува во телото и токму затоа им помага на мускулите да се регенерираат преку целата ноќ. Тоа значи дека вашите мускули ќе се градат додека вие спиете. 100 g урда содржат дури 13 g протеини.

2) Банани: Помагаат за слабеење и релаксација

Желбата за благо пред спиење задоволете ја со банани. Полни се со нутритиенти како селен, витамини Б6 и Ц и растителни влакна. Исто така бананите содржат и триптофан. Триптофанот е амино киселина која е прекусор за синеза на мелатонин, хормон одговорен за добар и длабок сон. Добриот сон е важен бидејќи луѓето кои нередовно и недоволно спијат најчесто имаат проблеми со тежината и килограмите (студија).

3) Бадеми: Ве опуштаат додека спиете

5-6 бадеми се одлична ужина за пред спиење. Тие се богати со многу важни минерали и витамини, особено со магнезиум. Многу студии покажуваат дека недостаток на магнезиум во телото предизвикува промени во лачењето на мелатонин и го пореметува циркадниот ритам (студија 1, студија 2). Сепак внимавајте на количината на бадеми бидејќи содржат многу калории.

4) Мисиркино месо: Чист извор на протеини и регулатор на сонот

Мисиркиното месо е богато со многу протеини, а не содржи масти. Зголемување на количеството на протеини во исхраната, а намалување на количината на јаглехидрати е правилен чекор кон намалување на телесната тежина.

Протеините делуваат на два начини врз слабеењето:

  1. Го зголемуваат бројот на калории потрошени за преработка на храната.
  2. Го намалуваат бројот на калории што ќе ги внесете бидејќи го намалуваат на апетитот.

Исто така како и бананите, мисиркиното месо содржи триптофан. Супстанцата која помага во лачењето на мелатонин.

5) Туна

Туната е исто така богата со протеини, а содржи малку масти и калории. Богата е со витамин Д и омега-3 масни киселини. Во истражување направено во 2011 година во САД е покажано дека дури 40% од населението има недостаток на витамин Д. Недостатокот на витамин Д е поврзан со мноштво заболувања меѓу кои и пореметување на сонот. Исто така омега-3 масните киселини се неопходни за функционирање на сите клетки во телото и мозокот.

6) Цреши: Го подобруваат квалитетот на сонот

Црешите се едни од највкусните овошја кои содржат малку калории. 100 g цреши содржат само 50 калории, затоа не грижете се за килограмите. Многу студии ја покажуваат поврзаноста помеѓу внесот на цреши и лачењето на мелатонин (студија 1, студија 2). Црешите се вкусна закуска која ќе ви го подобри квалитетот на сонот без последици врз килограмите.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *