6 најдобри напитоци за слабеење

Кога станува збор за намалување килограми и слабеење, одредени напитоци имаат навистина голема моќ да помогнат и да го забрзаат тој процес. Напитоците како што е зелениот чај, кафето, јаболковиот оцет и сл. имаат моќ да ги забрзаат метаболизмот и на тој начин да го регулираат апетитот и да помогнат во борбата со вишокот килограми.

Прочитајте кои 6 напитоци би било добро да ги вклучите во секојдневното мени, доколку сакате да намалите килограми.

  1. Зелен чај

Зелениот чај покрај фактот што содржи моќни фитохемикалии и антиоксидасни, е одличен агенс за слабеење и намалување на килограмите.

Консумирањето на зелен чај се покажало како ефективен начин за намалување на килограмите во повеќе студии, правени врз здрави индивидуи.

Во една студија испитаниците пиеле концентриран зелен чај во период од 12 недели и изгубиле во просек од 0.2 до 3.5 kg повеќе од оние кои воопшто не консумирале зелен чај.

Губењето на килограмите и забрзување на метаболизмот се како резултат на големата концентрација на катехиини и антиоксидасни кои се содржат во зелениот чај. Дополнително зелениот чај содржи и кофеин кој го зголемува нивото на енергија во телото преку забрзување, односно стимулирање на циркулацијата.

Исто така луѓето кои редовно пијат зелен чај имаат понизок крвен притисок, помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести и помал ризик од развој на некои типови на канцери (прочитајте повеќе).

Наш предлог: Енергетски детокс напиток со ѓумбир.

  1. Кафе

Кафето е напиток кој се користи низ цел свет за зголемување на нивото на енергија во телото и затоа е неминовен утрински ритуал скоро за сите луѓе.

Причината за тоа е затоа што кафето содржи кофеин, супстанца која има улога на симулант во телото. Кафето може да ви помогне да го намалите енергетскиот внес и да ви го забрза метаболизмот со што доаѓа со губење на килограмите.

Една студија во која учествувале 33 возрасни индивидуи дошла до заклучок дека оние луѓе кои пиеле кафе кое содржи 6 mg кофеин по килограм телесна тежина консумирале значајно помалку калории во текот на денот, отколку оние кои пиеле кафе со помалку кофеин или пак воопшто не пиеле кафе (прочитајте повеќе).

Кофеинските напитоци докажано стимулираат намалување на килограмите преку забрзување на метаболизмот, намалување на калорискиот внес и поттикнување на топење на масното ткиво.

Можеби ќе ве интересира: 5 начини како да го направите кафето поздраво

  1. Црн чај

Црниот чај по состав е скоро ист како и зелениот чај и затоа и тој на сличен начин стимулира губење на килограмите

Разликата од зелениот до црниот чај е во нивната преработка, бидејќи и двата чаја се добиваат од исто растение. Црниот чај подлежи на поголема оксидација (поголема изложеност на воздух) што резултира со посилен вкус и потемна боја.

Црниот чај содржи висока концентрација на полифеноли, флавоноиди кои се моќни антиоксидаси и помагаат во намалување на телесната тежина.

Една студија дошла до заклучок дека црниот чај помага во намалување на килограмите преку намалување на калорискиот внес, стимулирање на разградба на масното ткиво и преку стимулирање на развој на “пријателските” бактерии во цревата.

  1. Вода

Зголемување на внесот на вода во телото е еден од најлесните и најевтините начини да си го подобрите целокупното здравје.

Консумирање на повеќе вода може да ви го намали и апетитот и нападите за глад меѓу оброците, затоа што ќе ве држи “полни”.

Ладната вода ја зголемува потрошувачката на енергија кога сте во мирување и може да ви помогне да согорите повеќе калории.

Можеби ќе ве интересира: 6 совети како да останете хидрирани преку целиот ден

  1. Напиток со јаболков оцет

Јаболковиот оцет содржи оцетна киселина, соединение кое стимулира губење на килограмите преку намалување на нивото на инсулин, подобрување и забрзување на метаболизмот, контрола на апетитот и стимулација на топење на масното ткиво.

Неколку студии кои биле направени кај животни докажале дека оцетна киселина има моќ да го спречи зголемувањето на телесната тежина и да ја намали акумулацијата на маснотии во стомакот и во црниот дроб. Иако овие истражување се уште не се реплицирани врз луѓе, сепак постојат докази дека јаболковиот оцет е многу ефикасен во губење на килограмите кај луѓето.

Потребни се дополнителни истражувања со кој ќе се потврди ефикасноста и ризикот од користење на јаболковиот оцет, но едно е јасно дека консумирање на мали количина на јаболков оцет има само позитивни ефекти врз здравјето и килограмите.

Наш предлог: Напиток од грејпфрут и јаболков оцет кој ги намалува масните наслаги и го прочистува црниот дроб  

  1. Чај од ѓумбир

Коренот од ѓумбир содржи многу корисни витамини и минерали и благотворно дејствува врз целиот организам. Тој исто така содржи и етерично масло, смоли, скроб, слузи и зингеберин од кој потекнува аромата на оваа билка и гингерол кој е одговорен за лутиот вкус.

Ѓумбирот е широко познат со неговите повеќекратни позитивни ефекти врз здравјето. Ефикасно ја забрзува циркулацијата и го загрева организмот, делува антивоспалително и го намалува крвниот притисок. Чајот од ѓумбир помага при повраќање и гадење во текот на бременоста.

Многу студии кои биле направени врз животни, но и врз луѓе докажуваат дека ѓумбирот е многу ефикасен во намалување на килограмите. Тој помага за контрола на апетитот и забрзување на метаболизмот што резултира со помал внес на калории во текот на денот и зголемена потрошувачка на истите.

Можеби ќе ве интересира: 7 одлични причини зошто да додадете ѓумбир во сокот од лимон

Заклучок:

Сите горенаведени напитоци имаат навистина позитивни ефекти во контрола на апетит, забрзување на метаболизмот и секако намалување на килограмите. Но имајте во предвид дека сето тоа ќе биде уште повеќе ефикасно доколку се храните здраво и избалансирано и имате одредена физичка активност.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *