6 работи кои никогаш не треба да ги правите после јадење

После добар и обилен оброк луѓето најчесто легнуваат да одморат со изговорот “ми падна притисокот од храната, па морам да прилегнам”. Тоа е многу погрешна навика која воопшто не му прави услуга на нашето тело.

Ви откриваме уште 6 навики кои најверојатно ги правите после јадење, а кои можат да бидат опасни за здравјето:

  1. Никогаш немојте да брзате веднаш да запалите цигара после оброк

Пушењето е доволно лошо и само по себе, но веднаш после оброк е 10 пати полошо. Доколку навистина не можете без цигара би требало да почеткате барем неколку часа после оброкот. Никотинот од цигарите се врзува со кислородот кои е неопходен за метаболичките процеси на преработка на храната, на тој начин варењето на храната е забавено и телото наместо да ги апсорбира хранливите состојки од оброкот, го апсорбира штетниот чад од цигарите.

Можеби ќе ве интересира: Намалете го штетниот ефект од цигарите со внес на соодветни витамини и минерали.

  1. Никогаш не одете веднаш на спиење после обилен оброк

Лежењето и одморот после оброк се омилени активности на милион луѓе. Меѓутоа, оваа навика не е баш здрава. Кога лежиме телото се наоѓа во хоризонтална положба и желудечните сокови наместо да и помогнат на храната и да ја движат во правец кон цревата, тие започнуваат да се движат ретроградно, што е причина за појава на рефлукс на киселина и печење во градниот кош.

  1. Не брзајте под туш веднаш после оброк

После оброк најдобро е да почекате најмалку 30 минути па дури потоа да се туширате. За варење на храната треба многу енергија, а кога се тушираме со топла вода крвта се движи кон површината на кожата со цел да го лади телото (вазодилатација). Овој процес предизвикува да се забави варењето.

Можеби ќе ве интересира: 7 предности од ладното туширање.

  1. Немојте да пиете чај веднаш после обилен оброк

Чаевите се здрави, но пиење чај веднаш после оброк може да ја намали апсорпцијата на железо и протеини од оброкот. Многу од чаевите содржат танини, кои имаат способност да се врзат со железото и протеините, на тој начин што се спречува нивна апсорпција.

  1. Немојте да јадете овошје веднаш после оброкот

Овошјето само по себе е навистина здраво и содржи во себе многу хранливи нутритиенти, витамини и минерали. Но, доколку практикувате да јадете овошје веднаш после оброкот, тоа и не е баш здрава работа. За дигестија и целосна апсорпција на овошјето изедено на празен стомак му се потребни од 20 до 40 минути, но доколку го изедеме после оброк овошјето ќе остане “заробено” во желудникот и цревата и сето тоа ќе резултира со негова ферментација и ослободување на гасови кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми.

  1. Не брзајте веднаш после оброкот да се напиете чаша вода

Вода треба да пиеме по минимум 2 литри на ден, но чаша вода веднаш после оброкот не е баш најпаметна работа. Причината лежи во фактот што водата ќе ја разреди желудечната киселина, а со тоа ќе се забави дигестијата.

Следниот пат почекајте барем 30 минути после оброкот, па потоа пијте вода.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *