6 совети како до полесно и побрзо забременување

Споделете со пријателите

Создавањето на нов живот е навистина прекрасно и најубаво чувство. Иако не постојат правила кои ќе овозможат да забремените во месецот во кој вие навистина сакате, сепак одредени совети и навики во секојдневното живеење можат многу да помогнат побрзо да го искусите тоа најубаво чувство.

  1. Стрес

Сведете го стресот и нервозите на минимум, понекогаш навистина не сме свесни за тоа колку стресот негативно влијае на нашето здравје и може да биде причината за многу здравствени проблеми.

Замислете си дека со стрес и нервоза, не ги решавате проблемите и пристапете им на предизвиците во животот од друг агол.

Стресот може да влијае на вашиот месечен циклус и да предизвика пореметување и изостанок на овулација, а тоа може да биде главната причина зошто не можете да забремените.

  1. Промени во исхраната

Здравата и разновидна исхрана полна со свежо овошје и зеленчук и квалитетни протеини е клучот за добро репродуктивно здравје.

Навиките во исхраната можат многу да влијаат на вашиот месечен циклус и на овулацијата. Бидете свесни и сигурни дека во телото внесувате доволно витамини и минерали. Особено бидете претпазливи со Б витамините, односно со фолната киселина.

Доколку се обидувате да забремените јадете почесто зелен лиснат зеленчук кој изобилува со фолна киселина и железо.

  1. Следете го месечниот циклус

За да знаете кога точно се случува овулацијата, морате да го следите месечниот циклус и убаво да си го познавате сопственото тело.

Доколку месечниот циклус ви трае 28 дена, најверојатно овулацијата се случува од 12-тиот до 15-тиот ден од циклусот. Практикувајте да имајте секс со партнерот 1 до 2 дена пред овулацијата и на денот кога очекувате да биде вашата овулација.

Кога јајце клетката ќе се ослободи од фоликулата, таа може да преживее само 24 часа, така што поголема е веројатноста да забремените доколку имате секс пред или точно на денот на овулацијата, а не 1 или 2 дена подоцна.

Машките сперматозоиди се поиздржливи од јајце клетката и можат да преживеа во јајцеводите  од 24 до нешто повеќе од 48 часа.

  1. Бидете активни

Физичката активност покрај фактот што има неверојатна моќ да ве направи да изгледате и да се чувствувате убаво, има и одлична моќ да го подобро хормонскиот баланс во телото.

Верувале или не, но доколку редовно вежбате шансите дека ќе имате проблеми со хормоните со многу мали. Во многу случаи хормонскиот дисбаланс е причината за пореметувања во циклусот и изостанок на овулација.

Воведување на здрави животни навики и редовна физичка активност е првиот чекор кои би можеле да го направите за да си го подобрите здравјето и да воспоставите контрола над хормоните.

  1. Контролирајте ги килограмите

Вишокот масти во телото може да доведе до лачење на естрогени што можат да предизвикаат хормонски дисбаланс и проблеми со менструалниот циклус и овулацијата. Но, од друга страна и малиот број килограми и потхранетоста можат да предизвикаат проблеми со хормоните затоа што репродуктивните хормони се синтетизираат од масти, така што доколку во телото нема доволно масти може да дојде до слични пореметувања како и од прекумерна телесна тежина.

  1. Заборавете на цигарите

Иако сигурно не е толку лесно да ги оставите цигарите, сепак доколку планирате потомство пробајте да го направите тоа што побрзо.

Токсините кои ги содржи чадот од цигарите многу негативно влијаат на репродуктивното здравје. Кога зборуваме за откажување од цигарите истото би требало да го направи и вашиот партнер, затоа што пушењето предизвикува намалување на подвижноста на сперматозоидите што може да го отежни забременувањето.

Среќно!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *