7 дена здрав појадок – Ден 2

Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте да направите разумен избор за појадок, тогаш продолжете го тоа и денес. За денес имаме друг здрав рецепт.

Ден 2

Интегрално лепче со хумус

За денес избравме лесен, брз и здрав појадок. Ќе го искористиме половината авокадо што остана од вчера во комбинација со интегрално лепче и хумус.

Хумусот е едноставен намаз од наут, маслиново масло, лимонов сок и сол и е еден од најпопуларните намази не само во вегетаријанската исхрана, туку и на сите љубители на ориенталната храна. Зошто хумусот е исклучително хранлив и корисен прочитајте овде.

Потребни состојки:

  • 1 парче интегрално лепче
  • 1 лажица хумус (овде пронајдете рецепт како сами да си подготвите хумус)
  • ½ авокадо (тоа што ви остана од вчера)
  • 3-4 ореви
  • малку сусам
  • ½ јаболко
  • малку цимет.

Начин на подготовка:

Намачкајте го хумусот на лепчето. Авокадото насечкајте го на долгнавести парчиња и ставете го одозгора. Посипете со неколку кршени ореви и малку сусам.

Јаболкото насечкајте го на парчиња и наросете го со малку цимет.

На здравје!

Овој рецепт е предлог од Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *