7 дена здрав појадок – Ден 3

Споделете со пријателите

Продолжуваме да ве мотивираме да го започнете денот со здрав појадок. Сеуште не е доцна да ни се приклучите, започнете денес, а претходните два дена надополнете си ги по завршувањето на предизвикот.

Ден 3

Банана со мед и семиња

Почна чинија хранливи нутритиенти. Оваа здрава мешавина од банана, семиња, мед и кокосово масло е одлична за здрав и енергичен почеток на денот. По желба бананата можете да ја замените и со друго овошје по сопствена желба како: јаболко, портокал, кива и сл.

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 лажичка чиа семе
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажица гоџи бобинки (по желба)
  • 10-тина бадеми
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка кокосово масло (по желба).

Начин на подготовка:

Бананата насечкајте ја на кругови. Сите други состојки измешајте ги заедно со бананата и уживајте во утрото.

Овој појадок е високо хранлив и богат со многу здрави масти кои ќе ве држат сити подолго време. Можете семињата и сите други состојки да си ги ставите во една мала тегличка и да ги земете на работното место. Таму само насечкате ја бананата и уживајте во убавиот и брз оброк.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *