Нема поубаво чувство од започнување на денот со вкусен и здрав појадок. До крајот на нашиот предизвик има уште само два дена. За денес одбравме детоксикациски појадок во чаша.
Ден 6
Смути за детоксикација
За денес одбравме појадок кој ќе ве освежи, ќе ве наполни со енергија, но ќе ви помогне и за полесна детоксикација. Смути со јаболко, ѓумбир и портокал.
Потребни состојки:
- 1 јаболко
- 1 портокал
- малку свеж ѓумбир
- 200 ml вода или кокосова вода (подгответе ја кокосовата вода така што 2 лажици кокос ќе ги прелиете со 200 ml вода, оставете да стои 2 часа и потоа процедете)
- 1 лажичка чиа семе
- ½ лажичка куркума
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и убаво измешајте. Испијте го ова детоксикациско смути на гладен стомак.
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.