7 дена здрав појадок – Ден 7

Стигнавме до крајот, денес е последниот ден од нашиот предизвик 7 дена здрав појадок. Очекувајте наскоро водич со сите 7 рецепти кои ќе можете да си го испечатите и да си го чувате во кујната со цел одвреме-навреме да ве потсети да се предизвикате и 7 дена повторно да јадете здрав појадок.

Ден 7

Интегрален сендвич со путер од кикиритки и банана

Овој интегрален сендвич е одлично и брзо решение за подготовка на здрав појадок. Подготовката ќе ви одземе најмногу 5 минути.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња интегрално лепче (ако го сакате тонус лебот изберете го него, ќе ви држи ситост подолго време)
  • 1 лажица путер од кикиритки
  • ½ банана
  • ½ лажичка чиа семе
  • ½ лажичка ленено семе
  • малку мед (по желба)

Начин на подготовка:

Лепчињата намачкајте ги убаво со путерот од кикиритки. Бананата насечкајте ја на тркалца и наредете ги тркалцата врз едното парче леб. Потоа наросете со ленот и чиа семето и ставете ако сакате малку мед. На крај затворете со другото лепче и уживајте во утрото.

Овој сендвич е одличен спој од хранливи состојки кој ќе ве наполнат со потребната енергија  за цел ден.

Други идеи за појадок:

Појадок за секој ден: Овесни снегулки со семиња и јаболко

Идеи за појадок во чаша 

Полна чинија здравје – високо хранлив појадок за енергичен ден

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *