7 дена свежи салати – Ден 2

Споделете со пријателите

Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте вечерата да ја замените со нашата здрава зелена салата, тогаш продолжете го тоа и денес. За денес имаме друг здрав рецепт.

Ден 2

Здрава салата со цвекло и зелка

Зошто го избравме цвеклото како главна намирница, прочитајте тука.

Потребни состојки:

  • 1 цвекло со средна големина
  • малку зелка
  • 1 морков
  • 2-3 чешниња лук
  • 10-тина бадеми
  • сок од половина лимон
  • маслиново масло, сол и оригано.

Начин на подготовка:

Цвеклото, зелката и морковот изрендајте ги. Лукот насечкајте го на ситни парченца. Во поголем сад за салата измешајте се заедно и зачинете со маслиновото масло, сокот од лимон, а на крај додајте малку сол и оригано.

Уживајте. Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *