7 дена свежи салати – Ден 5

Ако го прифативте предизвикот, сигурно веќе чувствувате леснотија. Доколку застанете на вагата сигурни сме дека таа ќе покажува 1-2 kg помалку. Тоа би требало да биде доволен мотив да продолжите до крај.

Ден 5

Зимска салата со дајкон

За денес избравме една интересна комбинација од високовредни намирници. Го избравме дајконот како главна состојка затоа што содржи многу малку калории – само 18 во 100 грама, а обезбедува 34 % од дневната препорачана доза на витамин Ц. Содржи и активни ензими кои го помагаат варењето (посебно на скробната храна), пектин и целулоза, калиум и калциум.

Потребни состојки:

  • 1/2 дајкон
  • 1 морков
  • 1 зелено јаболко
  • 1 супена лажица сусам
  • 1 мала лажичка маслиново масло
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • сол, црн бибер и оригано по желба.

daikon

Начин на подготовка:

Дајконот, морковот и јаболкото изрендајте ги и измешајте ги. Сусамот запечете го на тефлонско тавче заедно со маслиновото масло и додадете го на зеленчуковата рендана мешавина. Зачинете по желба со лимоновиот сок, сол, црн бибер и оригано.

Добар апетит!

Рецептите од другите четири денови пронајдете ги тука.

Не е доцна, приклучете се !!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *