7 дена свежи салати – Ден 6

За денес нисокалорична детоксикација со целер.

Ден 6

Зелена детоксикациска салата со целер

Целерот го избравме затоа што е богат со витамин Ц, витамин Б6, но најмногу со витамин К. Една порција целер задоволува 37% од дневните потреби за витамин К.

Целерот има неверојатно ниско ниво на калории – само 16 калории по порција. Ова е една од причините зошто е толку популарна храна за оние кои држат диета. Има репутација на храна со “негативни калории” храна, што всушност апсолутно ја  заслужува.

Целерот е богат извор на флавоноиди кои се познати по своите моќни антиоксидантни својства. Тој исто така содржи и зеаксантин, лутеин и бета-каротен, кои според истражувањата ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат ризикот од болести на срцето, го подобруваат имунолошкиот систем и го спречуваат раст на абнормални канцерогени клетки.

Целерот може да помогне и да ги намалите маснотиите во крвта, рецептот за тоа пронајдете го тука.

IMG_5674

Потребни состојки за зелената детоксикациска салата со целер:

  • 1 целер со средна големина (потребни ви се и листовите и дршките)
  • неколку листови спанаќ
  • 1/2 зелено јаболко
  • 1 супена лажица ленено семе
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • сол, црн бибер и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Целерот убаво измијте го па потоа и листовите и дршките насечкајте ги на ситно. Спанаќот исто така насечкајте го, но ако е baby spinach оставете ги листовите цели. Јаболкото насечкајте го на парченца. Лененото семе заедно со маслиновото масло ставете го на тефлонско тавче да се запржи па со тоа прелијте ги зелените зелнчуци. На крај додајте го лимоновиот сок, солта и зачините кои ги сакате.

Добар апетит!

Рецептите од претходните 5 дена од предизвикот 7 дена свежи салати пронајдете ги тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *