7 дневен детоксикациски предизвик

Целта на овој 7 дневен детоксикациски предизвик е прочистување на телото преку внес на непроцесирана храна и оброци кои сами ќе си ги подготвите. Со ваков начин на исхрана освен што ќе го прочистите телото од токсини, ќе намалите и килограми, минимум 1-2 килограми за 7 дена. Ќе се чувствувате полни со енергија и многу полесно ќе се справувате со секојдевните обрски.

Забранети намирници се: белиот леб и брашно, шеќерот, обичната кујнска сол, конзервирани производи, готови намирници, процесирана храна, млеко, млечни производи, намази, вегета, сончогледово масло, газирани појалоци, алкохол. Всушност целта на предизвикот е една недела да го прочистите телото од токсини преку соодветна избалансирана исхрана која нема да ги вклучува горенаведените намирници. Во забранети намирници спаѓаат воопшто сите пакувани и конзервирани производи кои содржат штетни кознерванси и емулгатори кои се предизвикувачи на многу заболувања.

Ќе ве интересира: Листа на штетни емулгатори кои се наоѓаат во прехрмбените проиводи 

Дозволени намирници се:

  • овошје (сливи, круши, јаболка, лубеница, малини, капини, праски)
  • зеленчук (зелка, краставица, домати, пиперки, компири, грав, леќа, грашок, боранија)
  • ориз
  • јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви, индиски ореви и сл.)
  • месо (најдобро риба, но може и бело месо за кое ќе бидете сигурни од каде потекнува)
  • сок од лимон
  • суви сливи, суво грозје и урми
  • ленено семе, чија семе и гоџи бобинки
  • овесни снегулки
  • маслиново и кокосово масло
  • јајца
  • хималајска сол
  • мед
  • кафе

Овие намирници можете да ги комбинирате на било кој начин, но за да ви ја олесниме работата во продолжение подготвивме 7 дневен план за исхрана кој ќе ви помогне да го прочистите телото и да се чувствате полни со енергија и виталност. Верувајте разлика ќе почувствувате уште вториот ден и на крајот од неделата ќе посакате да не го прекинете предизвикот и да продолжите уште, што секако не е проблем. Можете да направите 3 циклуси од по 7 дена, па потоа да направите пауза од 2 недели. Со ваков начин на исхрана ги добивате сите потребни мако и микро нутритиенти вклучувајќи ги тука сите неопходни витамини и минерали.


1 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, јаболко насечкано на прачиња во комбинација со суво грозје и малку ленено семе

Ужина: праска

Ручек: парче лосос во комбинација со ориз, подготвен со маслиново масло и хималајска сол, салата по избор

Ужинка: 7-8 бадеми

Вечера: 2 варени јајца, краставица


2 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, овесна каша со мед суви сливи и чија семе

Ужина: јаболко

Ручек: варени компири со зелена салата

Ужина: 7-8 лешници

Вечера: зеленчукова супа


3 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, круша насечкана на коцки во комбинација со гоџи бобинки

Ужина: лубеница

Ручек: вариво од грашок со салата

Ужина: 7-8 индиски ореви

Вечера: Салата од краставици, домати, пиперки и кромид


4 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, 2-3 сливи

Ужина: 7-8 бадеми

Ручек: бело месо со салата

Ужина: лубеница

Вечера: 2 варени јајца со домат


5 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, 2 јаболки

Ужина: шака суво грозје

Ручек: варен грав со салата

Ужина: 7-8 лешници

Вечера: зеленчукова супа


6 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, смути со малини, праска и јаболко

Ужина: 2-3 суви сливи

Ручек: риба со ориз и салата по избор

Ужина: 7-8 индиски ореви

Вечера: зелена салата со 1 варено јајце


7 ден

Појадок: сок од лимон, кафе, праска во комбинација со лажица кокосово масло, мед и ленено семе

Ужина: 7-8 бадеми

Ручек: варена леќа со салата

Ужина: 2-3 урми

Вечера: салата од зелка, моркови и цвекло


На што да внимавте!

  • Подготвувајте ја храна исклучиво со маслиново масло и хималајска сол!
  • Ако на менито има грав или грашок, не купувајте од кознерва, сварете го и подгответе го сами!
  • Бананите и тропското овошје не се дозволени!
  • Пијте по минимум 2 литри вода на ден, хидратацијата е особено важна за правилна детоксикација!
  • Пијте незасладени чаеви!
  • Вклучете некоја активност, макар брзо одење секој ден по 30 минути!
  • Не јадете миниму 2 часа пред да одите во кревет!

Можеби ќе ве интересира: Едноставни начини на детоксикација на телото

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *