7 дена свежо цедени сокови – Ден 1

Започнуваме предизвик – 7 дена свежо цедени сокови.

Во текот на следните 7 дена ќе ве инспирираме секој ден да го започнете со напиток кој ќе ви даде енергија, хранливи нутрититенти и витамини за целиот ден.

Разноликоста на состојките и моќните фитохемикалии од овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да си ја подобрите крвната слика. Ќе имаме најразлични сокови: витамински, детокс, за подобрување на крвната слика, за подобрување на имунитетот и сл.

Доколку имате дома соковник и ретко го користите, ви нудиме прилика конечно да го активирате J

Ви звучи примамливо?

Епа да започнеме, понеделник е убав ден за промени!


Ден 1 – Витамински микс за убав ден

Одлична комбинација на состојки за утринско освежување и будење на дигестивниот тракт. Овој напиток пред се ќе ве наполни со витамин А и витамин Ц и ќе ви даде енергија за цел ден. Од друга страна пак, флавоноидите од цитрусни овошја се одлични чувари на вашите крвни садови.

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 портокал
  • ½ гјепфрут
  • 1 морков
  • вода
  • неколку коцки лед.

Начин на подготовка:

Портокалот и грејпфутот најпрвин излупете ги и потоа сите состојки ставете ги во соковник. Од наведената количина намирници во зависнот од тоа каков соковник имате, но и колку е сочно овошјето и зеленчукот би требало да добиете над 200 ml концетриран сок.

Земете голема чаша од 400 или 500 ml ставете го сокот и додадете вода. Вообичаено јас додавам вода колку што имам сок 1:1 иако можете сокот да го направите и поразреден па да го пиете во текот на целиот ден.

Според мене најдобро е да го испиете свежиот сок на гладно затоа што на тој начин најефикасно и најбрзо се апсорбираат сите витамини, минерали и хранливи фитохеикалии од овошјето и зеленчукот.

На здравје!


Доколку овој предизвик ви звучи интересно, погледните и другите 3 наши предизвиди:

30 дена смути предизвик 

7 дена свежи салати 

7 дена здравј појадок 

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *