7 дена свежо цедени сокови – Ден 6

Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте денот да го започнете со свежо цеден сок, тогаш продолжете го тоа и денес.

За оние кои денес дознавате за предизвикот, проверете ги рецептите од претходните пет дена и слободно вклучете се (Ден 1/ Ден 2/Ден 3/Ден 4/ Ден 5).


Ден 6 – Антиоксиданс микс    

За денес имаме одлична комбинација намирници кои содржат голема концентрација на антиоксиданси и се одлични чувари на вашето здравје.

Овој напиток ќе ве освежи и на здрав начин ќе го разбуди вашиот дигестивен тракт.

сливите се на врвот од листата на 24 видови овошје, со најсилно антиоксидативно дејство, содржат калиум, хранливи влакна, магнезиум и железо, консумирани во било кој облик се богати со многу хранливи состојки. Од витамините содржат најмногу витамини Ц и Е, бета каротен и фолна киселина. Диететските влакна кои ги содржат сливите помагаат за намалувањето на холестерол во крвта, па со самото тоа, се заштитува срцето од кардиоваскуларни заболувања.

aронијата е богата со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високата концентрација на антиоксиданси и витамин Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително. Аронијата е богата и со антоцијани (антиоксиданси) кои го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од рак и го успоруваат стареењето.

бело грозје е одличен извор на витамин А, Ц и К како и минералите калциум и железо, поради органските киселини, повеќето природни шеќери и целулозата грозјето е одличен лаксатив кој ја стимулира дигестијата и го олеснува празнењето на цревата.

црно грозје содржи изобилството на калиум, витамини Ц, Б1 и Б6, покрај тоа, содржи и флавоноиди кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, го намалуваат лошиот холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви болести. Неодамнешното истражување покажа дека високата концентрација на резерватол во лушпата на црното грозје позитивно влијае врз моторните и менталните функции на мозокот, го намалува ризикот од мозочен удар и помага за флексибилност и за здравје на срцевиот мускул.

Потребни состојки:

  • 3-4 модри сливи
  • неколку зрна аронија
  • бело грозје
  • црно грозје
  • вода
  • коцки лед (по желба).

Начин на подготовка:

Најпрвин извадете ги семките од сливите и потоа сите состојки ставете ги во соковник.

Од наведената количина на намирници ќе добиете нешто повеќе од 200 ml концентриран сок.  Ставете го концентрираниот сок во поголема чаша или во шише и дополнете со уште 200 или 300 ml вода. По желба додадете и неколку коцки лед.

Уживајте во утрото!

Можеби ќе ве интересира: 7 дена здрав појадок

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *