7 дена свежо цедени сокови – Ден 7

Споделете со пријателите

Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте денот да го започнете со свежо цеден сок, тогаш продолжете го тоа и денес.

За оние кои денес дознавате за предизвикот, проверете ги рецептите од сите претходните шест дена и слободно вклучете се (Ден 1Ден 2/Ден 3/Ден 4Ден 5/ Ден 6).


Ден 7 – Освежувачки тропик микс за подобра дигестија     

За денес имаме комбинација на намирници кои се одлични за утринско освежување и будење. Ананасот поради ензимот бромелаин е одличен за подобрување и стимулирање на дигестијата, а заедно со лимонот и морковот нудат вистинско витаминско уживање кое ги отвора сите сетила.

ананасот – богат е со ензими, витамини, минерали, елементи во траги, содржи: калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, односно биотин, растителни влакна и ензим – бромелаин кои ги разградуваат протеините и помагаат во процесот на варењето на храната.

лимон – содржи голем процент на витамин Ц кој е моќен антиоксиданс (еден лимон дневно задоволува 50% од дневните потреби за витамин Ц), супстанците диосмин и хесперидин кои се наоѓаат во лимонот помагаат за намалување на вкупниот холестерол во крвта, лимонот го прочистува црниот дроб и помага за алкализирање на телото.

морков – содржат големо количество на каротеноиди кои се моќни антиоксиданси, исто така морковот содржи и калиум и многу влакна, морковите ја забрзуваат детоксикацијата и ги активираат дигестивните ензими, на тој начин му помагаат на телото полесно да се ослободи од непотребните разградни метаболити, ги стимулираат бубрезите да лачат повеќе течности, но исто така имаат и термогенетски ефект што значи дека го поттикнуваат телото полесно и побрзо да согорува калории.

Потребни состојки:

  • неколку тркалца свеж ананас
  • 1 морков
  • 1 лимон
  • вода
  • коцки лед (по желба).

Начин на подготовка:

Најпрвин излупете ги и ананасот, и лимонот и морковот. Сите намирници ставете ги во соковник.

Од наведената количина на намирници ќе добиете нешто повеќе од 200 ml концентриран сок.  Ставете го концентрираниот сок во поголема чаша или во шише и дополнете со уште 200 или 300 ml вода. По желба додадете и неколку коцки лед.

Уживајте во утрото!

Можеби ќе ве интересира: 30 дневен смути предизвик

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *