7 научно докажани начини кои ќе ве мотивираат да вежбате

Здравјето и убавиот изглед се најголемите мотиватори за започнување со одредена физичка активност, но понекогаш некои мали ситници навистина знаат да ни ја закочат мотивацијата и постојано да не враќаат неколку чекори назад.

Сепак и во најтемната точка некогаш треба да бараме бело крукче и да се мотивираме.

  1. Замислете ги крајните резултати

Пред секој тренинг визуализирајте си која ви е целта и што сакате да постигнете на крајот од тренингот. Замислете си го тоа прекрасно чувство кое ве обзема после добро вежбање, сето тоа ќе ви даде мотивација успешно да го завршите тренингот. Замислете си каде ќе бидете за некое време доколку сте истрајни и не дозволувајте изговорите да ви го надвладеат умот.

  1. Константно менувајте го тренингот

Разноврсност во вежбањето и во физичката активност е клучот за истрајност. Ако постојано правите исти и досадни вежби, многу брзо ќе ја изгубите мотивацијата. Трудете се секој тренинг да ви биде различен.

Можеби ќе ве интересира: Аеробик или Пилатес? Што е поефикасно за обликување на телото?

  1. Групните тренинзи се многу подобри од индивидуалните

Вежбајте во група, така ќе бидете многу повеќе мотивирани. Вежбањето во група е одличен начин да избегате од секојдневните обврски и да се опуштите целосно. Посветете си го тој 1 час за себе и уживајте.

Тоа што не сте сами е дополнителна мотивација и ве тера да бидете истрајни.

Можеби ќе ве интересира: 7 причини зошто пилатесот ќе ви го направи животот поубав

  1. Новата опрема прави чуда

Овој метод проверено работи! Купете си нешто ново и удобно за вежбање, нешто во што ќе се чувствувате одлично…Верувајте ќе бидете нестрпливи и едвај ќе чекате да дојде време за тренинг 🙂

  1. Слушајте мотивирачка музика за време на тренингот

Музиката има навистина неверојатни ефекти кога е во прашање вежбањето. Омилената музика ќе ви го подобри расположението и ќе ве мотивира да издржите до крај.

Можеби ќе ве интересира: Аеробик забавно вежбање кое ги топи килограмите!

  1. Наградете се себе си што сте вежбале

Наградете се себе си доколку бидете истрајни и издржите до крај да ги направите сите вежби. Ветете си дека после тренингот ќе јадете убав, заслужен и здрав оброк.

Дозволете си масажа еднаш до два пати во месецот! Едноставно дозволете да уживате во нештата кои ве исполнуваат.

  1. Напаревте договор со себе за кој ќе имате одговорност да го почитувате

Договорете се со себе и ветете си дека мора да бидете истрајни и да не се откажете. Споделете го тоа и со блиските затоа што доколку дојде до моменти на слабост можеби и тие ќе се најдат да ве мотивираат и бодрат да издржите.

Со вежбањето не само што ќе си го зајакнете телото туку ќе си го зацврстите и карактерот.

Што доколку никогаш до сега не сте вежбале?

Никогаш не е доцна за било каков почеток, секогаш од негде мора да се започне! Започнете полека без поголеми форсирања. Секојдневно зголемувајте го интензитетот, најбитно е после тренингот да се чувствувате убаво, а не исцрпено и истрошено до максимум.

Можеби ќе ве интересира:

Нашето студио FitLife Fitness Studio нуди  почетнички Пилатес часови во вторник/четврток/сабота во 18.00 часот (локација Кисела Вода).

Повеќе за нас прочитајте тука, или побарајте не на телефон 071 273 982.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *