7 трикови како да јадете помалку и поздраво

Некои мали трикови во кујната можат да направат да се храниме здраво и да консумираме умерена количина на храна.

Некогаш искушението надвладува над умот и запаѓаме во кризи во кои тешко се контролираме, па јадеме се што е ни биде на дофат иако после тоа се каеме и сме свесни за грешката која сме ја направиле.

За да не биде така, следете ги нашите трикови кои се едноставни, а можат навистина да ви помогнат да јадете помалку, но и поздраво:

  • Имајте на дофат секогаш свежо овошје и зеленчук

Секогаш чувајте во фрижидер свежо овошје и зеленчук, измијте го и средено ставете го во некој сад, па кога ќе го отворите фрижидерот баш да ви падне во очи.  Во таков случај многу е веројатно дека наместо парче леб со џем ќе изедете еден морков или едно јаболко затоа што нив ќе ги видите први кога ќе го отворите фрижидерот.

  • Подгответе ја салата однапред

Сите знаеме дека е добро и здраво со ручекот и вечерата секогаш да јадеме свежа салата, но некогаш толку многу ни се јаде и ни се брза што навистина немаме ни енергија ни желба да подготвуваме.

Затоа на почетокот од неделата направете си план и поделете си го зеленчукот, дури можете да ја подготвите салата и однапред за неколку денови и уредно да ја складирате во фрижидерот. Пред секој оброк само извадете, зачинете и уживајте!

Можеби ќе ве интересира: Храна која смеете да ја јадете ако сакате да намалите килограми

  • Имајте секогаш со вас здрава комбинација на грицки

Верувале или не, но ова правило е навистина практично. Имајте секогаш со вас во ташна мала тегличка во која ќе измешате бадеми, лешници, индиски ореви и некое суво овошје. Кога и да западнете во криза посегнете по тегличката. Секако да не бидете тоа на секои 20 минути затоа што и јатките и сувото овошје содржат многу калории, но тоа се сепак здрави и нутритивно вредни калории.

Здравите грицки ќе превенираат прејадување и ќе ве заштитат да не јадете чипсови, смоки и чоколади во моментите на кризи.

  • Замрзнете си овошје и зеленчук

Купете овошје и зеленчук кое ви е омилено, измијте го, насечкајте го и ставете го во соодветни садови или кеси и замрзнете го. Така секогаш ќе имате спремна комбинација за смути, супа или за било какво вариво.

  • Не чувајте нездрава храна во кујната

Газирани пијалаци, чоколади, бисквитчиња, чипсови, смоки….сето тоа заборавате го.

Никако не смеете да имате залихи од ваквите намирници дома, и ако немате нема ни да јадете. Сигурно нема во 11 навечер да одите до првото отворено тобако и да купите чипс, но ако го имате дома многу е веројатно да паднете во искушение и да изедете се што ви останало.

Можеби ќе ве интересира: Претворете го вашето тело во машина за согорување масти

  • Користете помали чинии за сервирање

Кога ја сервираме храната вообичаено имаме обичај чинијата да биде полна, така ако користите помали чинии ќе намалите внес на неколку калории во текот на денот.

  • Спремајте си ја храната однапред

Оброците планирајте ги и спремајте си ги однапред. Доколку вечерта пред да идете на работа свесно размислите што ќе јадете утре и потрошите 5 минути во кујната за да си подготвите оброк за следниот ден, сте направиле многу и за своето здравје, но и за килограмите.

Наши предлози: 5 идеи за здрав појадок во тегличка

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *