7 трикови кои ќе ви помогнат да бидете истрајни во слабеењето

Споделете со пријателите

Кога со години сте заглавени во нездравите навики, не е толку лесно и едноставно да направите промена. Менувањето на навиките не е толку лесна работа, потребно е многу истрајност и секако време.

За некои почетокот е лесен затоа што на самиот старт се еуфорични, позитивни и уживаат во промената.

Но, сепак почетната мотивација знае да трае кратко и затоа лесно и брзо се откажуваат.

За да не биде така и да бидете истрајни во вашите цели имаме неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат да бидете постојани во слабеењето и одржувањето на здравите навики.

  1. Зошто започнавте со слабеење? Која е вашата цел?

Започнавте за губење на килограмите…да тоа е јасно, но дали сакате да намалите килограми за да изгледате поубаво, да се чувствувате подобро или пак да си го подобрите здравјето?

Било која и да е вашата најголема причина, запиштете јасно на лист хартија што сакате да постигнете и ставете го тоа на видно место.

Секогаш кога ќе погледнете ќе се потсетите зошто започнавте. Напишаниот збор е многу посилен од мислите така што можеби баш овој трик ќе ви помогне во истрајноста.

  1. Бидете позитивни и подржувајте се себе си

Доколку немате околу вас луѓе кои ќе ви дадат мотивација и поддршка бидете самите за себе најсилна поддршка и гледајте на проблемите како на предизвици кои успешно ги решавате.

Ако беше лесно, сите ќе беа успешни, затоа бидете строги со себе и трудете се да ги остварите своите цели, до кои секако дека не е лесно да се стигне.

  1. Храната не може да биде лоша или добра

И најздравата храна доколку ја внесувате во огромни количини нема да биде здрава и добра за вас, а од друга страна пак и парче торта не е толку лошо и штетно колку што мислите.

Балансот е клуч во животот. Ако денес јадевте парче чоколадна торта, следниот ден фрлете се повеќе на салати.

  1. Без рестрикции

Немојте да јадете храна која не ја сакате само затоа што е здрава. Нормално дека треба да правите здрав избор, но сепак тоа што го јадете треба да го сакате.

Доколку јадете на сила или пак сте премногу строги кон себе, многу е логично дека за кратко време ќе се откажете.

  1. Колку силно ја сакате промената?

Дали навистина со цело срце сакате промена? Кога е во прашање навистина јака желба, тогаш и мотивацијата е многу поголема. Секако дека и тогаш ќе наидувате на препреки, но сепак кога силно се сака се наоѓа начин да се совладаат сите препреки.

  1. Бидете одговорни

Кога сте одлучиле дека сакате промена, бидете одговорни кон себе. Тоа значи дека и во моментите кога навистина немате енергија ќе останете истрајни и одговорни. Всушност, таквите моменти не прават појаки.

Третирајте се себе си со почит и одговорност како што ја третирате и својата работа.

Кога надвор врне и ви е убаво да останете во кревет наутро, сепак станувате, се спремате и одите на работа затоа што чувствувате одговорност. Така третирате се и себе си!

  1. Започнете да вежбате!

Секако дека за оптимални резултати во слабеењето треба да вежбате, но ако со години сте биле неактивни започнете полека.

Нема да му направите услуга на телото ако вежбате секој ден.

Започнете со 3 пати неделно активност и полека зголемувајте, затоа што ако започнете нагло исто како и со храната можно е многу брзо да ја загубите мотивацијата и лесно да се откажете!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *