7 намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини без страв од дебелеење

Иако сите многу добро знаеме дека грицкањето меѓу оброците е причината за внес на повеќе калории од колку што ни се потребни, сепак многу е тешко да се контролираме и најчесто сите запаѓаме во искушенија и посегнуваме по оние “нездрави” намирници кои се полни со празни калории.

За да го избегнете тоа грицкање, најдобро е да не чувате дома и воопшто да не купувате нездрави грицки. Едноставно е, доколку немате, нема ни да јадете! 🙂

Сепак кога вистински кризирате посегнете по овие 7 здрави намирници кои можете да ги јадете во неограничена количина без страв од дебелеење:

1.Немасни и несолени пуканки

Идеални се доколку ви се грицка нешто од досадна. Но, внимавајте не ги подготвувајте со масло, путер и многу сол. Испукајте ги во тавче кое не лепи и не додавајте им дополнителни додатоци. Можете да ги јадете во неограничена количина затоа што содржат само 60 калории во 100 грама.

2.Рукола

Одлична за вкусна и ароматична салата. Подгответе една голема салата со марула и рукола  кои имаат многу малку калории, а сепак ќе ви ја згаснат желбата за грицкање и храна. Можете да јадете во неограничена количина без никаква грижа на совест! Додадете и на салатата маслиново масло, сок од лимон и малку хималајска сол.

3.Боровинки

Овие мали бобинки се многу моќни и одлично се вклопуваат во вашата диета. 100 грама боровинки содржат само 85 калории, а се одличен извор на антиоксиданси. Можете да ги јадете индивидуално или пак да си подготвите вкусен напиток со јогурт и ½ банана.

4.Целер

Содржи многу вода и многу растителни влакна. Две стапчиња целер имаат само 13 калории. Одлична здрава закуска за моментите на криза се стапчиња целер во комбинација со вкусен и здрав хумус (рецепт).

5.Белки од јајца

Белката од едно јајце има само 17 калории, така што без страв слободно можете да ги јадете. Направете вкусна кајгана од белки и зеленчук која може да биде одличен предлог за здрава вечера.

6.Портокал

Еден портокал со среда големина има само 62 калории и е идеален за меѓу оброк затоа што содржи и многу витамин Ц, но и фолна киселина, натриум и витамин Б12.

7.Батат

Батат или сладок компир е многу ценета намирница затоа што содржи многу бета-каротен и многу минерали, а сепак не содржи многу малку калории. Батата со просечна големина има околу 115 калории. Бататот одлично се вклопува и во солени, но и во благи оброци.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *